Мексико ќе го изнајмува претседателскиот авион за свадби и забави


МЕКСИКО – Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во понеделникот изјави дека сега во суштина се откажал од својата донкихотска понуда да го продаде претседателскиот авион и ќе го изнајмува за свадби или забави. Лопез Обрадор призна дека владата не можела да го продаде авионот Боинг 787, кој тој го нарекува премногу луксузен и одбива […]

Од Бил Мареј до Тимоти Шаламе- актери со најстил на Оскарите 2022


САД– Речиси 24 часа подоцна, сè уште размислуваме за најдобро облечените актери на Оскарите 2022 година. Во неделата, на 27 март, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес видовме ѕвезди како Даниел Калуја и Ендру Гарфилд кои внесуваат боја во традиционалната машка свечена облека, но видовме и повеќе смели погледи од млади ѕвезди како Тимоти Шаламе. […]

Во МВР исплатена бонус плата од 28.718 денари за 2021 година


 На 5 897 вработени во Министерството за внатрешни работи кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра), информираа денеска од МВР. За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства, се наведува во […]

Запалена приколка од шлепер на излез од Прилеп, сообраќајот во прекин


Поради запалена приколка од шлепер изутринава од 08.55 часот  е во прекин сообраќајот патот на излез од Прилеп кон Плетвар на местото викано Склештен мост. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е затворена во двата правци

Јутјубер нуди по 15 милиони долари за Смит и за Рок за боксерски меч


Јутјуберот Џејк Пол понуди да организира боксерски меч меѓу Вил Смит и Крис Рок, откако добитникот на Оскар му удри шлаканица на комичарот за време на доделувањето на наградите. Смит му удри шлаканица на Рок, откако тој се пошегува на сметка на неговата сопруга. Популарниот Џејк Пол, професионален боксер, брзо реагираше на социјалните мрежи. Тој […]

Обилни дождови во Австралија, повторно наредена евакуација


Обилни дождови денеска ја зафатија источна Австралија, а властите втор пат за еден месец издадоа наредба за евакуација на илјадници жители поради поплави. Истовремено упатено е предупредување до населнието дека лошото време најверојатно ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Околу 28 сантиметри дожд на метар квадратен наврна само во текот на последните 24 […]

Најстуденото место на Антарктикот со 38 степени повисока температура од вообичаеното


 Научниците измериле невообичаено високи температури на Антарктикот овој месец. Температурата на истражувачката станица Конкордија, попозната како најстуденото место на Земјата, на 18 март била 11,5 степени Целзиусови под нулата. Како што објави Си-Ен-Ен, нормалната дневна температура таму е околу 49 степени Целзиусови под нулата, што значи дека измерената е за 38 степени повисока од вообичаеното. […]

Украина: Ракетен напад врз градот Љуботин


Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков, соопштија украинските власти. Според нив, во нападот биле целосно уништени неколку куќи, објави Би-Би-Си. Регионалното обвинителство во Харков соопшти дека седум луѓе се повредени во нападот, а од урнатините е извлечено тело на едно лице

Намален бројот на заразени од Ковид-19, доминира омикрон стелт


 Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март. Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до 14,3%, […]

Блумберг престанува со работа во Русија и во Белорусија


Русија– Блумберг ЛП (Bloomberg LP), матичната компанија на Блумберг њуз, ја прекинува работата во Русија и во Белорусија поради воведените санкции. Но, медиумскиот проект на Блумберг ќе продолжи со работа, се наведува во соопштението на компанијата. Клиентите во Русија и во Белорусија нема да имаат пристап до ниту еден од финансиските производи на Блумберг. Во согласност […]

Песков: Русија нема да употреби нуклеарно оружје поради Украина


Русија – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина. – Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да […]

Џафери на конференција на спикери на парламенти на ЕУ на Брдо при Крањ


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери втор ден учествува на конференцијата на спикери на парламенти на ЕУ, што денеска и вчера се одржува на Брдо при Крањ, во организација на Националното собрание на Република Словенија, во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. Претседателот Џафери е поканет од страна на претседателите […]

Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шлаканицата


САД – Актерот Вил Смит официјално се извини за тој шокантен момент на неделните Оскари, кога одговори на шегата на Крис Рок за фризурата на сопругата Џејда Пинкет Смит – Рок, доделувајќи ја наградата за најдобар документарен филм, што тој едвај чекаше да ја види во G.I. Џејн 2 – со качување на сцената и […]

Претседателите на коморите од Македонија, Србија и Албанија во обиколка на Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане


Претседателите на стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија денеска ќе направат обиколка на граничните премини Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане. Целта на обиколката е согледување како функционираат договорите за полесен и побрз проток на стоки меѓу членките на иницијативата „Отворен Балкан“. Претседателите на коморите ќе бидат придружувани од своите економски тимови. 

Од денеска исплата на мартовските пензии зголемени за илјада денари


За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај. Исплата на мартовските пензии почнува денеска.   Мартовските пензии преку мрежата банкомати ќе бидат достапни од денеска, а готовинска исплата […]

Рушење на Гинисов рекорд за најдолга презентација на бизнис идеи пред инвеститори


Во земјава прв пат се организира рушење на Гинисов рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори. Како што информира компанијата „Нетворкер“ која го организира „натпреварот“, претставени ќе бидат над 90 бизнис идеи пред шестчлена комисија. Најдобрите пет идеи ќе добијат 25.000 евра за реализација. За да се сруши Гинисовиот рекорд, потребно […]

Презентација на производите на добитниците од предизвикот „Стартап Херои”


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе ги презентира производите на добитниците од предизвикот „Стартап Херои”. Предизвикот го спроведува ФИТР во соработка со корпоративниот партнер „Тинекс“ и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. На прес-конференцијата по повод презентацијата ќе зборуваат директорот на ФИТР, Фестим Халили, бренд директорот на „Тинекс“, Цветанка […]

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Националната опера и балет


Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Во балетската претстава настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, […]

Турција: Барањата на Русија во однос на Крим и Донбас не се реални


Турција – Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека барањата на Русија да ја признае нејзината анексија на Крим и независноста на регионот Донбас се „многу максималистички“ и „не се реални“. – Ова се црвени линии за Украинците на Крим и Донбас, и со право, затоа што директно се однесуваат на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Ние не ја признавме […]

Застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, оптимизам за брзо надминување на спорот со Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Софија порача дека застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, затоа што има неколку негативни тенденции и создава простор за злонамерно влијание од трети страни. Бугарскиот премиер Кирил Петков, пак, рече дека е оптимист за брзо надминување на спорот со Скопје, порачувајќи дека Северна Македонија „припаѓа во […]