Од првите метални пари во 6 век пр.н.е. па се до денешните банкноти – Музејот на Народна банка содржи збирка со околу 23.000 монети


Со околу 23.000 монети коишто припаѓаат на различни историски епохи, започнувајќи од 6. век пр.н.е до денес, а биле произведувани или биле во употреба на македонско тло, Музејот на Народна банка претставува најголема јавна нумизматичка збирка во државата, раскажува за МИА раководителката на Музејот, Катерина Христовска. Музејот  се грижи и ги чува збирката пајонски монети, антички […]

Во текот на неделава се очекува олабавување на мерките, но состојбата со КОВИД-19 сè уште е непредвидлива


Од вкупно 1.192 направени тестови во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 48 нови случаи со КОВИД-19, што претставува 4 отсто од тестираните. Од вкупниот број заболени, седум се реинфекции. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 253 оздравени пациенти и двајца починати. Од вкупниот број на новозаболени, 42 се од Скопје, Кавадарци […]

Променливо облачно со услови зa слаб локален дожд


Времето ќе биде променливо облачно со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 29 март 2022 година, 84-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 281 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 18 часот и 54 минути. Денов трае 12 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Синдикалци: Бараме скалесто покачување на платите по зголемувањето на минималната плата


Претседателот на ССМ Дарко Димовски во вечерашната емисија „24 анализа“ истакна дека минималната плата од 18.000 денари е голем успех и легитимно право е што бараат скалесто зголемување на сите останати плати, согласно порастот на минималната плата. – Тоа го нуди членот 8 од Законот за минимална плата. Преговараме со ресорните министерства, кој од каде […]

„Имаш ли некоја слободна фирма?“: Технологијата на богатењето и криењето на трагите на парите


Последниве две рочишта од случајот познат како „Плацеви на Водно“ како ниедна истрага досега на обвинителството ја прикажаа целата технологија на функционирањето на оние што имаат пари во Македонија и начините како нив да ги скријат, исперат и да ги вратат во промет преку фиктивни фирми. Огромниот дел од граѓаните тоа не може ни да […]

Милевски: Не дојдовме во Португалија како туристи


Репрезентацијата на Македонија утре во Порто го игра еден од најголемите свои натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022. Пред овој натпревар на официланата прес конференција говореше селекторот Благоја Милевски. „Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи, не би издвоил никој посебно, […]

Светско првенство без Португалија е незамисливо за Роналдо


Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо порача дека неговите соиграчи нема да ги потценат македонските фудналери и најави оти очекува сигурен пласман на Мундијалот во Катар. -Утре е финале и ние сме подготвени. Дали сме фаворити? Јас секогаш се сметам себе си за фаворит, без оглед дали играм на домашен или гостински терен. Свесни сме дека со […]

Руски медиуми тврдат дека Кадиров е во Мариупол, ќе го подигал борбениот дух на неговите борци


Руските медиуми пренесуваат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Владимир Путин, пристигнал во Мариупол за да го подигне борбениот дух на неговите борци кои учествуваат во нападот на тој голем пристаништен град во југоисточна Украина. – Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во Мариупол за да го подигне моралот на нашите борци, изјавил […]

Гутереш: ОН бараат „хуманитарен прекин на огнот“ во Украина


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека го овластил шефот на хуманитарната организација да ја истражи можноста за хуманитарен прекин на огнот во Украина меѓу инволвираните страни. Гутереш повика и на итен хуманитарен прекин на огнот „за да се овозможи напредок во сериозните политички преговори насочени кон постигнување мировен договор заснован на принципите […]

Битиќи: Не може со една алатка да се решаваат проблемите во целиот јавен сектор


Само сакам да се држиме до тоа што сме го договориле, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во тв дебатата на ТВ24 со синдикалните претставници за скалестото зголемување на платите во јавниот сектор. Битиќи изрази жалење што за само три недели, откако почна руско-украинскиот конфликт, не важи она околу кое сите страни се […]

Ковачевски: Успешно ја менаџираме кризата, нема рестрикции, ниту намалено производство


Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече вечерва генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот […]

Аудиоводич на седум јазици за посетителите на Хераклеја


  БИТОЛА – Аудиоводич на седум јазици ќе можат да користат посетителите на античкиот локалитет Хераклеја крај Битола. За посетителите на античкиот град веќе има дигитално решение, информативни табли каде со скенирање на кодот со мобилниот телефон туристите добиваат информации за 12 точки на локалитетот на седум јазици: македонски, англиски, албански, германски, француски, италијански и […]

Мариупол е во рацете на окупаторот, соопшти градоначалникот


Украина – Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада. – Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен. Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше […]

Роман Абрамович и двајца украински преговарачи затруени со хемиско оружје


  АбрамовиМилијардерот Роман Абрамович и украинскиот мировен преговарач претрпеа симптоми конзистентни со труење претходно овој месец, според извор со директно знаење за инцидентот. Абрамович учествуваше во неформалните мировни преговори во украинскиот главен град Киев на почетокот на март кога почна да се чувствува лошо, изјави изворот за „Гардијан“. Украинскиот пратеник Рустем Умеров исто така бил […]

Делегација на Министерството за здравство во посета на новиот Клинички центар во Србија


Делегација на Министерството за здравство предводена од заменик-министерот Владимир Рендевски оствари работна посета на новиот Клинички центар на Србија (КЦС) во Белград за да се запознае со организацијата на работата, поставеноста на Ургентниот центар со одделите и операциските сали и стационарниот оддел. Посетата беше искористена и за доделување на наградата 13 Ноември на град Скопје […]

Бајден предложи 6,9 милијарди долари за помош на Украина против Русија и зајакнување на НАТО


САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска. Средствата ќе ја претставуваат последната распределба на одбранбената помош на Вашингтон по руската инвазија врз нејзиниот сосед минатиот месец […]

Москва најави „адекватен одговор“ на прогласувањето на петте руски дипломати за персона нон грата


Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје. – Ќе има адекватен одговор, нагласил изворот. Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била […]

Над 160 компании алармираат за проблеми поради кризата, најалармантно е во градежништвото


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска предупреди на состојбите во реалниот сектор, нагласувајќи дека од 160 компании добиваат се поалармантни и загрижувачки информации. Тој вели дека податоците ги обработуваат по што ќе ги проследат до јавниот сектор. За ваквите состојби станало збор и на седница на Управниот одбор на комората која […]

Зголемен број новозаразени и починати од Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број новозаразени, но и починати лица од Ковид-19 односно, од 113.940 направени тестови, потврдени се 27.490 случаи, што е 24,1 отсто од тестираните, додека пак починаа 73 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, од […]