На Германија ѝ требаат три години да стане независна од рускиот гас


На Германија ѝ требаат три години да организира алтернативно снабдување со гас за да стане независна од гасот од Русија, изјави извршниот директор на германскиот енергетски гигант Е.ОН. „Проценуваме дека за ова ќе биде потребен период од три години“, изјави извршниот директор на E.ON, Леонхард Бирнбаум за германската ТВ емисија Tagesthemen, на прашањето колку брзо […]

Украина: Ова се имињата на руските шпиони кои дејствуваат во Европа


Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони – вклучително и еден кој очигледно се гледа себеси како Џејмс Бонд и кој го користи прекарот на Skype „jamesbond007“, пишува The Telegraph, додавајќи дека ова е еден од обидите да се посрамоти Москва, пренесе Индекс.хр. Украина не откри како дошла до пописот, но истражувачката новинарска група Белингкет […]

Автобускиот превоз во Битола поскапува за 50 проценти


  БИТОЛА – Ново поскапување за 50 проценти на градскиот автобуски превоз ги чека битолчани оваа пролет. Пред да се најави поскапувањето, градоначалникот и претседателот на Советот најавија иницијатива за бесплатно користење на јавниот превоз за пензионерите, два пати неделно, во вторник и петок. Инаку, по поскапувањето на такси превозот пред краток период, на ред […]

Марка: „Џиновскиот убиец“ кој ја сруши Италија е последната пречка на Португалија до Мундијалот


Португалија и Кристијано Роналдо ги дели само еден натпревар до пласман на Светското првенство во Катар. Сепак, ривал на „Драгао“ во Порто во финалето на плејофот ќе им биде репрезентација која својата историја ја гради со подвизи. Шпанска „Марка“ направи кратка анализа на македонската репрезентација и очекувањата за вечерашниот дуел. – Победивме една од најдобрите […]

Повеќе од 7.000 банкари се преселиле од Велика Британија во ЕУ од 2016 година


Повеќе од 7.000 вработени во финансискиот сектор се префрлиле од Лондон во Европската унија како резултат на Брегзит, што е за 400 помалку од проценката дадена минатиот декември, објави денеска консултантската компанија „Ернст и Јанг“ (EY). Иако вкупниот број е значително помал од 12.500 работни места кои компаниите ги предвидоа во 2016 година, кога Велика […]

Годинава обезбедени 1,8 милијарди денари за мерки за вработување


За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година обезбедени се милијарда и 800 милиони денари или околу 30 милиони евра, што е за пет милиони евра повеќе од лани. Со планот ќе бидат опфатени 14 685 невработени лица, со посебен акцент на младите невработени лица до 29 […]

Роман Абрамович и Ердоган на преговорите меѓу Украина и Русија


  Роман Абрамович денеска присуствува на мировните преговори во Турција меѓу Украина и Русија, еден ден откако беше откриено дека олигархот бил отруен на претходната средба. Милијардерот се однесува како неофицијален посредник и седна до портпаролот на Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин, на денешните разговори на високо ниво што ги отвори турскиот претседател во Долмабахче, […]

Банките во ЕУ ги заоструваат условите за станбен кредит по нереалното поскапување на недвижностите


По предупредувањето на ЕУ за „прегреаност“ на пазарот на недвижности, банките ги зголемија резервите за да се заштитат од можни проблеми при отплатата на кредитите, пишува загрепски „Вечерњи лист“. Централната банка оваа седмица воведува нова мерка со која се зголемува антицикличниот заштитен слој на капиталот во банките од нула на 0,5 отсто. Со одлуката се […]

Тројца мртви во престрелка во Србија – убил пријателка, полицаец, а потоа се застрелал себе


Србија– Полициски службеник од полициската управа во Зајечар, Србија, со иницијали И. Ѓ. (28) е убиен синоќа на службена должност кога во него од огнено оружје пукал Д.З., соопшти српското МВР. Д.З. испукал два куршума кон полициски службеници, кои постапиле по пријави на граѓани дека во зграда на улицата „7 Септември“ се слушнале истрели. Притоа […]

„Манфред“ – концерт со јапонската виолинистка Сајака Шоџи во Филхармонија


Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Манфред“ на кој како солистика ќе настапи јапонската виолинистка Сајака Шоџи, лауреатка на престижниот виолински натпревар „Паганини“. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур, оп. 77 од Јоханес Брамс и Шестата симфонија од Л.В.Бетовен. Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес […]

На 7 мај избори за ново Претседателство на ДПМ


Изборно собрание односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите на Македонија, кое вклучува избор на претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ, ќе се одржи на 7 мај 2022 (сабота) од 12 часот.  Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување […]

НБМ ќе има пристап до репо-линијата од 400 милиони евра од ЕЦБ до јануари идната година


Дополнителната девизна ликвидност од 400 милиони евра ќе ѝ биде на располагање на Народната банка преку репо-линијата на Европската централна банка (ЕЦБ) уште речиси една година. – ЕЦБ донесе одлука со која се продолжува можноста за Народната банка за користење на репо-линијата до 15 јануари 2023 година. Репо-линијата е само уште еден заштитен слој, имајќи […]

Прегазен велосипедист кај Тутунски


Велосипедист е прегазен во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат во Скопје.  Според очевидци на настанот едно лице со возилото на Брзата помош е пренесено во болница, а велосипедот e целосно уништен.  Полицијата во моментов врши увид на местото, а повеќе информации за несреќата се очекуваат во текот на денешниот […]

Седумдесет канадски гимнастичари се жалат на емоционална и сексуална злоупотреба


Група од седумдесетина сегашни и поранешни спортистки повикаа на независна истрага за „токсичната култура и навредливите работни практики“ присутни во канадската гимнастика. – Не можеме повеќе да молчиме. Подготвени сме да ги споделиме нашите искуства за злоупотреба, занемарување и дискриминација со надеж дека ќе направиме разлика. Бараме да се преземе акција за да се спречи […]

Европа во нов ковид-бран, расте бројот на новозаразени во многу земји


Во Западна Европа се создава нов бран на ковид-19, а главен виновник е стелт-омикрон БА.2, а веќе се појавуваат услови за нова форма на BA.3. Во Франција има и до 150.000 заразени дневно, што е зголемување за 42% за само една недела. Нагло порасна бројот на заразени и во Велика Британија, Холандија, Австрија, Италија. Во […]

Финални подготовки за ЕКО маскенбалот во „Рамстор мол“


Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на вашата ЕКО маска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните ЕКО маски! Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во „Рамстор мол“ најдоцна до 31.03.2022, […]

ИПА 3 и интервентниот фонд во земјоделството на дневен ред на владина седница


Владата денеска ќе ја одржи редовната 34. седница на чиј дневен ред меѓу другото, ќе бидат програмите за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година и на Програмата за спроведување на интервентниот фонд во земјоделството. Разгледан ќе биде и Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија […]

(Во живо) Оперативен план за вработување за 2022 година


Владата го усвои оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година. Оперативниот план вреден 1,8 милијарди денари ќе обезбеди вработување за речиси 15.000 лица.   Планот предвидува програми, мерки и услуги за вработување, кои ќе обезбедат создавање нови работни места, зголемување на вработливоста на невработените лица, пред се на на младите, долгорочно невработените и корисниците на право […]

Санкционираните руски олигарси се добредојдени во Турција како туристи и инвеститори


Турција – Санкционираните руски олигарси се добредојдени во Турција како туристи и инвеститори, според министерот за надворешни работи на земјата, Мевлут Чавушоглу. CNBC прво ја објави приказната. Политичарот во интервју за Си-Ен-Би-Си на Форумот во Доха рече: „Ние спроведуваме санкции одобрени од ОН, па ако некој руски граѓанин сака да ја посети Турција, се разбира, […]