Европа во нов ковид-бран, расте бројот на новозаразени во многу земји


Во Западна Европа се создава нов бран на ковид-19, а главен виновник е стелт-омикрон БА.2, а веќе се појавуваат услови за нова форма на BA.3. Во Франција има и до 150.000 заразени дневно, што е зголемување за 42% за само една недела.

Нагло порасна бројот на заразени и во Велика Британија, Холандија, Австрија, Италија. Во последниве денови во Германија секојдневно има над 300.000 заразени лица. Аларм се огласи и во Азија. Хонг Конг повеќе не може да ја спроведе стратегијата „нулта ковид“, а во последно време се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи дневно. Од вчера во Шангај повторно е воведен карантин по сектори.

Се посочува дека БА.2 е за 30 проценти позаразна од претходната варијанта, но нема сигурни податоци дека може да биде поопасен.

Повеќето западноевропски земји целосно ги укинаа мерките. Во Франција, покрај укинувањето на пропусницата за вакцинација, носењето маска во затворени простории е укинато од средината на март, и покрај предупредувањата дека тоа може да доведе до нагло зголемување на бројот на нови пациенти.

Светската здравствена организација ги критикуваше земјите кои предвреме ги олабавија мерките.

Австрија е првата западноевропска земја која ги врати маските од типот FFP2 во затворени простори. Во оваа земја задолжителна е и  вакцинацијата и вакциналниот сертификат. Маските се задолжителни во затворени простории и во Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Полска, Хрватска .