Миќуновиќ: Освен што е омаж за Горан Стефановски, новата премиера е и мој омаж за славата на Драмски театар


Губењето на сигурноста, губењето на сопственото  уточиште во друштвено-политички околности, е тема на новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, чија премиерна изведба ќе се одржи задутре (31 март) во Драмски театар Скопје, по што на 1 и 2 април се предвидени уште две изведби. Претставата, како што беше речено […]

Oбложувалниците и даваат мали шанси за победа на македонската репрезентација


 Само пет насто се шансите македонските фудбалери да ја совладаат португалската репрезентација вечер во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022, според „BETCITY“. Коефициентот за победа се движи околу 18. На Португалија и се даваат 81 насто шанси за победа (коефициент 1,19), додека 14 % е веројатноста натпреварот да заврши без победник (коефициент […]

Џесика Честејн: Која е годинешната добитничка на Оскар за најдобра актерка?


САД – Добитничката на последниот „Оскар“ за најдобра женска главна улога, за филмот „Очите на Теми Феј“, Џесика Честејн мина трнлив пат во животот за да стане една од најбараните, најплатените и најпочитуваните актерки во Холивуд. Во 2012 година, „Тајм“ ја вброи меѓу највлијателни личности во светот, а таа редовно се појавува и на листите на […]

Двете лица на Холивуд – споменуваат бегалци, но ретко донираат за помош на украинскиот народ


САД– Секоја година на Оскарите, освен на заслужните филмски уметници, посебно внимание се посветува на фустаните, уникатните тоалети, спорадичните гафови, но и на подароците што ги добиваат номинираните. Годинава како никогаш досега јавноста „пука“, бидејќи вредноста на подарокот надмина 100.000 долари. Многумина беа огорчени од ваквото однесување во времето на војната во Украина, па повикаа […]

Презентиран систем за управување со јавните набавки во МО


 Во услови на безбедносни предизвици во Европа јасна е потребата од вложување во одбраната и тоа како во националната, така и во колективната одбрана во која придонесуваме и ние како земја членка на НАТО. Нашата цел е потребната опрема која ја набавуваме за нашите армиски сили да биде квалитетна и навремено испорачана кај вистинските корисници, […]

Промовирани девет „Стартап херои“, ФИТР најави поддршка за иновативните компании


Ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите и квалитетните идеи со цел да ја зајакнеме  иновативноста и да ја поттикнеме конкурентноста на домашниот пазар, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили на презентацијата на производите на добитниците од предизвикот „Стартап херои“ во Супер Тинекс во East Gate Mall, кој го спроведува […]

Петровска: Ако бидат побарани наши војници за зајакнување на Источното крило на НАТО ќе одговориме соодветно


Нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз нас од безбедносен аспект. Засега не се регистрирани упади од аспект на хибридни закани или какви било посериозни дејствување, но повеќе институции во државата кои се задолжени дневно известуваат и се справуваат со некои помали облици на такви појави. Ова денеска го […]

„Три дена култура 4“  во скопската гимназија „Никола Карев“ 


Младинскиот фестивал ,,Три дена култура 4” наменет за млади уметници, кој сите три дена е исполнет со уметност, оваа година по четврти пат ќе се одржи во скопската гимназија „Никола Карев“ на 14, 15 и 16 април! Првиот ден од фестивалот „Три дена култура 4” започнува на 14 април и е наменет за прикажување на […]

Русија објави како ќе изгледа купувањето гас со рубли


Купувачите на руски гас ќе можат да купуваат рубли на Московската берза по пазарна стапка за плаќање на синото гориво, изјави за РИА Новости шефот на руската парламентарна комисија за финансиски пазар Анатолиј Аксаков, пренесе Хина. „За тоа нема технички пречки, а процедурата е пропишана со закон“, рече Аксаков. „Се чини дека не треба да […]

За 5.900 вработени во МВР бонус од 28.700 денари


  Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска на 5.897 вработени во МВР, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 28.718 денари. За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства коишто се обезбедени со домаќинско […]

Кремљ: Наводното труење на Абрамович е дел од „информативната војна“


Наводното труење на рускиот милијардер Роман Абрамович за време на средбите во Киев со украински мировни преговарачи претходно овој месец, нема никаква врска со реалноста, тврди Кремљ. Како што објави Би Би Си, Русија смета дека таквите наводи се дел од „информативната војна“.

По учеството на меѓународниот саем за туризам во Белград, земјава очекува повеќе српски гости


Зголемување на бројот српски туристи, се очекувањата од македонското учеството на 43. меѓународен саем за туризам што се одржа во Белград минатата недела. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), од посетата произлезе и конкретна соработка, а тоа е симболиката на мостот на Иво Андриќ. Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски и […]

Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата. Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, изјави дека Макрон за денеска планира повторно да разговара со Путин. Лежандре истакна дека се очекува да се разговара за деталите од планираната хуманитарна операција за евакуација на цивили од Мариупол, […]

Ковачевски: Државата ќе платеше 37 милиони евра повеќе ако не се вклучеа ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО


Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, вели дека државата ќе платеше 37 милиони евра повеќе во енергетската криза ако АД ЕСМ не ги вклучеше ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО во системот. „Нескромно е да кажам дека АД ЕСM, со силна поддршка од Владата, успешно се справува со енергетската криза. Ако со поддршка од Владата, […]

Се огласи Шојгу: Преминуваме на нашата главна цел – ослободување на Донбас


  Специјалната воена операција во Украина ќе продолжи сѐ додека не се постигнат зацртаните цели. Главните задачи од првата фаза од специјалната операција во Украина се завршени, можеме да се фокусираме на главната цел – ослободување на Донбас, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, чија изјава ја пренесе московска „Газета“. Според него, за две […]

Основниот кривичен суд Скопје најтранспарентен за 2021 година


Основниот кривичен суд Скопје во 2021 година според извештаите за работа е најотворен и најтранспарентен во однос на другите судови во државата. Судијката Мирјана Лазарова Трајковска на денешната проширена општа седница на Врховниот суд констатираше дека не само што се работи за ажурен суд, туку се работи и за суд кој водел сметка за начинот […]

Потребно е дејствување на Уставниот суд во заштитата на животната средина


Во финална фаза е формирањето на оперативни групи за гонење на криминалот што се случува во рамки на животната средина, а изработена е и програма за работа на овие оперативни групи, како и акциски план, информираше Никола Јовановски, програмски менаџер во Центарот за правни истражувања и анализи на денешната онлајн-конференција „Уставните судови – Чувари на […]

„Отворен Балкан“ го забрза протокот на стоки, на „Табановце“ камионите поминуваат за помалку од 30 минути


„Отворен Балкан“ значително го забрза протокот на стоки. На граничниот премин Табановце – Прешево камионите ги минуваат царинските и полициските контроли за помалку од четири минути, а целиот процес на проверки и пропуштање, заедно со ветеринарните и фитосанитарните инспекции, не трае повеќе од половина час. Ова го истакнаа Зоран Јовановски од Стопанската комора на Северна […]

Турција го намали ДДВ во обид да ја спречи инфлацијата која достигна 54,4 отсто


Турција го намали данокот на додадена вредност на голем број производи, вклучително и медицинска опрема и производи за хигиена, за да се избори против инфлацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Одлучивме да го намалиме ДДВ за производи како што се детергенти, сапуни, тоалетна хартија, салфетки и пелени за бебиња од 18 на 8 отсто“, […]

Фатен битолчанец како краде нафта од средното медицинско училиште


Утрово, во 5.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и […]