Турција го намали ДДВ во обид да ја спречи инфлацијата која достигна 54,4 отсто


Турција го намали данокот на додадена вредност на голем број производи, вклучително и медицинска опрема и производи за хигиена, за да се избори против инфлацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Одлучивме да го намалиме ДДВ за производи како што се детергенти, сапуни, тоалетна хартија, салфетки и пелени за бебиња од 18 на 8 отсто“, изјави тој за Ројтерс.
Падот на курсот на лирата и растот на цените на храната и енергијата доведоа до инфлација од 54,4 отсто во февруари, највисока во последните 20 години, пренесува Танјуг.