Украина: Ракетен напад врз градот Љуботин


Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков, соопштија украинските власти.

Според нив, во нападот биле целосно уништени неколку куќи, објави Би-Би-Си.

Регионалното обвинителство во Харков соопшти дека седум луѓе се повредени во нападот, а од урнатините е извлечено тело на едно лице