Грција: „Гастрејд“ поднесе барање за нова лиценца за Самостоен систем за природен гас


„Гастрејд“ до Регулаторната управа за енергетика на Грција (RAE) поднел барање за нова лиценца за Самостоен систем за природен гас (INGS) . Новиот проект „Thrace INGS“ ќе се состои од пловечка единица за складирање и регасификација и ќе се развива на Тракиското Море, покрај брегот на Александрополис. Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU) ќе […]

Кој е Алексеј Мордашов, најбогатиот Русин, сега ставен на листата на санкции на ЕУ


  Тој е рускиот олигарх кој се вклучи за да ја одржи патувачката компанија „Туи“, пумпајќи готовина додека меѓународниот туризам застана за време на пандемијата. Сепак, Алексеј Мордашов – кој поседува една третина од најголемиот европски тур-оператор и е негов најголем поединечен акционер – можеби станува нешто како обврска за „Туи“, чии акции се котирани […]

Средба на компании од Грција и Северна Македонија на 21 и 22 март во Скопје


Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) во соработка со Американско-грчката стопанска комора (АмЧам Грција) со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина организираат, како што велат, прва трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија. Средбата ќе се одржи на 21 и 22 овој месец во хотелот „Хилтон“, а […]

Ангеловска-Бежоска: Не очекуваме позначителни ефекти за домашниот платен промет од исклучувањето на дел од руските банки од СВИФТ


Не очекуваме позначителни ефекти од исклучувањето на дел од руските банки од СВИФТ системот, односно меѓународна платформа за брзо и ефикасно извршување на плаќањата, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. – Сите руски банки не се исклучени од СВИФТ, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување […]

Општина Центар ја продлабочува соработката со САД


Општина Центар реши да ја продлабочи соработката со Соединетите Американски Држави, а за таа цел беше остварена средба меѓу градоначалникот, Горан Герасимовски и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз. Градоначалникот Герасимовски на амбасадорката Брнз ѝ ги претстави своите програмски заложби и планови, меѓу кои и заложбите за чист, зелен и еколошки Центар и […]

Руските сили ги ракетирале украинските разузнавачки служби во Киев


Руските оружени сили, со „прецизно оружје“ ги погодиле објектите на Украинската служба за безбедност и 72-от Центар за информациско-психолошки операции во Киев, соопшти денеска порпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков. „За да се спречат информатички напади врз Русија, гаѓани се технолошките објекти на Украинската служба за безбедност и 72. Центар за информациско-плихолошки […]

Скандал во Шкотска – спорен е и Хемингвеј, имало „експлицитни сцени“


Едно од светските класици, ремек-делото на Ернест Хемингвеј „Старецот и морето“, е приказна за херојската борба на човекот против стихијата и неретко се толкува како метафора за животот, но денес е жртва на, во најмала рака, сомнителните морални стандарди. За овој роман Хемингвеј во 1952 година освои „Пулицер“, а во 1954 година Нобелова награда, пишува […]

Големите западни брендови масовно си одат од Русија


Неколку големи меѓународни брендови преку ноќ најавија дека ќе престанат со работа во Русија. Боинг ќе престане да обезбедува делови, техничка поддршка и одржување за руските авиокомпании, соопшти компанијата. Приклучувајќи им се на Mastercard и Visa, American Express објави дека ќе се усогласи со  меѓународните санкции и ќе ги запре „односите со засегнатите банкарски партнери […]

Берзата во Москва затворена веќе трет ден


Московската берза нема да биде отворена трет ден по ред, но Банката на Русија објави во соопштение дека ќе продолжи да работи мал број операции. „Работното време на Московската берза на 3 март  ќе биде објавено на официјалната веб-страница на Банката на Русија до 9 часот по московско време “, се вели понатаму во соопштението.

И еврото падна


Еврото падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од мај 2020 година поради стравувањата дека руската војна против Украина особено тешко ќе ја погоди економијата на регионот. Еврозоната не е само близок сосед, туку и многу зависи од испораките на руски гас. Еврото се тргуваше за околу 1,1092 во однос на доларот, во […]

Продолжува расправата за разрешување на Фадил Зендели од Комисијата за прашања на избори и именувања


Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 64-тата седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за разрешување членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели од БЕСА, поднесена од пратениците Талат Џафери, Јован Митрески, Горан Мисовски, Диме Велковски, Снежана Калеска Ванчева, Дарко Каевски, Даниела Николова, Боби Мојсоски, Панчо Минов, Марија […]

Бајден: Путин не е свесен што го чека


Претседателот на САД ,Џо Бајден, изјави дека Владимир Путин лошо проценил како западот ќе реагира во случај на руска инвазија на Украина. Во својот прв говор за состојбата на нацијата во американскиот Конгрес, тој вети дека ќе го казни рускиот претседател за нападот на Украина, но и дека ќе ја скроти инфлацијата и ќе ги […]

ПОЦ нема да го поевтини паркирањето за да не го зголемува сообраќајниот хаос


Наспроти одлуката на Град Скопје, „Паркинзи на Општина Центар“ нема да го следи примерот на „Градски паркинг“ и не планира да направи корекција на цените за паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува. „Политиката за намалување на цените за паркирање, според нас, е погрешна, бидејќи тоа ќе доведе до зголемување на бројот на возила во централното […]

Поликлиниките „Ремедика“ и „Железара“ како и клониката за хематологија и трансфузиологија без вода


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека на ден 02.03.2022 поради замена на затворач ф-125мм на „Коце Металец“ 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул „Коце Металец“ (од број 1 до број 13 и од број 2 до број 82) и дел од ул. „Душан Тасковиќ“, вклучително и „Ремедика“ и поликлиника „Железара“. Водоснабдувањето […]

Јужна Кореја блокира седум руски банки


Јужна Кореја ќе забрани финансиски трансакции со седум големи руски банки и нивните подружници и со тоа ќе се приклучи на санкциите што Западот ги воведе против Русија. Министерството за финансии на земјата вчера објави детален план за санкции по консултациите со Министерството за финансии на САД. Седумте руски банки опфатени со јужнокорејските санкции се Сбербанк, ВЕБ, ПСБ, ВТБ, […]

Кастрати: Лудилото на Путин не оди дотаму да употреби нуклеарно оружје


Поранешниот командант на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Кадри Кастрати изјави дека не верува оти рускиот претседател Владимир Путин може да нареди напад со нуклеарно оружје против Украина или било која држава во светот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Кастрати рече дека верува оти „лудилото на рускиот претседател […]

Зеленски: Русија сака да нѐ избрише


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на седмиот ден од руската инвазија врз неговата земја и жестоките борби во повеќе градови, изјави дека досега се убиени речиси 6.000 Руси и дека Кремљ нема да може да ја преземе неговата земја со бомби и воздушни напади, пренесоа британските медиуми. Осврнувајќи се на вчерашниот руски напад врз Бабин […]

Русија се фали дека окупирала град во Украина


Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски војници го зазеле градот Херсон во јужна Украина.Доколку ова тврдење е точно, тоа е најголемиот украински град окупиран од Москва, јавија светските агенции.Според руски извештаи, руските сили синоќа влегле во Херсон и руската армија синоќа била на улиците на градот. Градоначалникот Игор Коликаев утрово за локалното радио изјави […]

САД: Цврсто стоиме зад ветувањата дадени на Тајван


САД цврсто стојат зад своите обврски кон Тајван и сојузниците во регионот, изјави делегацијата предводена од поранешниот началник на американскиот Генералштаб Мајк Мулен, испратена во Тајпеј од претседателот Џо Бајден. „Соработката меѓу САД и Тајван е посилна и пообемна од кога било досега, рече Мулен за време на посетата на поранешните американски претставници од одбраната […]

Твитер ги угаси руските државни медиуми во ЕУ


Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека ќе ги почитува санкциите што Европската унија ги воведе против руските државни медиуми „РТ“ и „Спутњик“ веднаш штом одредбата стане правосилна. „Санкциите на ЕУ веројатно за нас ќе значат законска обврска да ограничиме одредени содржини во државите-членки. Планираме да ја испочитуваме одредбата веднаш штом таа стапи на сила, соопшти денеска […]