Тинејџер од Романија измамил бабичка од Скопје – барал да му плати со злато


Во вторникот,  во Полициската станица Карпош бил приведен Л.Г.(18) од Романија. Тој се сомничи дека на 17.02.2022 измамил 77-годишна жена од Скопје, односно дека сторил кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел предмети на продажба, а притоа барал да му се плати […]

Тинејџерот кој го следеше авионот на Маск сега има нови „мети“ – руските олигарси и Путин


Џек Свини е американски тинејџер, компјутерски ентузијаст, кој се најде во центарот на вниманието на јавноста откако создаде неколку профили и ботови за нив на Твитер за да објавува речиси во реално време каде се приватните авиони на познати личности од технолошкиот свет. На неговиот „радар“ се најдоа Илон Маск, Бил Гејтс, Џеф Безос, но […]

Бугарски генерал бил шпион на Русија


  Уште една шионска афера во Бугарија поврзана со Русија. И тоа во ек на руската инвазија на Украина. Специјализираното обвинителство и Државната агенција за национална безбедност  (ДАНС) соопштија дека спроведуваат истрага за шпионажа во корист на Русија во која учествувале бугарски генерал и дипломат од руската амбасада во Софија. Генералот, кој сега е во […]

Министерство за правда ќе инсталира ИКТ опрема во пет основни судови


Министерство за правда најави дека од денеска почнува  со процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството. По тој повод денеска во Основниот суд во Кавадарци во 13 часот ќе се одржи настан на кој ќе се обратат министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на […]

Влада: Се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните


 Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, порачаа денеска од Владата.  Истакнуваат дека со државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните. Како […]

Времето утре посончево, од петок попладне и за викенд облачно и постудено со дожд и снег


Времето утре ќе биде посончево и суво време со слаб доумерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од нула до минус 10 степени, а дневните од 2 до 12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи […]

Трибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“


Отворена трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“ ќе се одржи денеска во 18 часот во Младинскиот културен центар, во Скопје. Воведен збор на форумот ќе има професорката Елка Јачева – Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а презентери се Лазе Трипков (глаголица) и Ласко […]

Лукашенко покажал план кој сугерира напад и на Молдавија


Александар Лукашенко, белорускиот лидер и близок сојузник на Владимир Путин, можеби случајно ги откри плановите на Русија за инвазија на Украина преку мапа. Во краткото видео објавено од белорускиот новинар Тадеуш Гизан се гледа како Лукашенко покажува кон мапата која ја дели Украина на четири дела и се чини дека ја покажува линијата на дејствување […]

Со 400 амандмани ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира разрешувањето на Фадил Зендели


  Денеска ќе продолжи вчера започнатата расправа за разрешувањето на пратеникот на Беса, фадил Зендели, од Комисијата за избори и именувања но што ќе се случува на собраниската седница е нејасно. ВМРО-ДПМНЕ поднесла над 400 амандмани, а Беса уште десетина против разрешувањето на Зендели.  Според информациите, Џафери веќе навестил дека амандманите ќе ги отфрли бидејќи не […]

Руските уметници се повлекоа од годинешното Биенале во Венеција


Италија – Рускиот павилјон на 59. Биенале во Венеција, што ќе се отвори на 23 април, овојпат ќе остане затворен, поради инвазијата на Украина, соопштија организаторите на Биеналето и ја поздравија храброста на руските уметници. „Венециското биенале е информирано за одлуката на кустосите и уметниците на Руската Федерација да се откажат од своите позиции за овогодишната […]

Kако навистина изгледа Путиновата „денацификација“ на Украина (ВИДЕО)


„Mислеa дека сум чудак“, вели рабинот Рафаел Крускал, потпретседател на еврејската заедница во Одеса, пристанишен град во Украина. Додека многу други во земјата се сомневаа во изгледите за руска инвазија, Крускал – син на преживеан Евреин од Холокаустот – не ги темелеше своите очекувања врз основа на насловите туку од еврејската историја. „Имав залихи на […]

Финансиски хороскоп за март: Девицата нема да знае што со парите, а еден знак едвај крпи крај со крај


Овен Транзитот на Марс и Меркур овој месец ќе ви донесе парична добивка! Сепак, препорачливо е однапред да ги испланирате трошоците, за да не дојдете во непријатна ситуација. На работа можете да очекувате покачување, но имајте на ум дека можни се и некои ситни непланирани трошоци поврзани со куќата. Бик Овој месец ќе можете да […]

Сите донираат оружје за Украина, а тоа е заглавено во Полска – како да се пренесе до воените единици


  Западот донираше противтенковски ракетни системи NLAW од Обединетото Кралство, противтенковски ракети Javelin од САД и Естонија, противтенковско оружје Panzerfaust 3 од Холандија и противтенковски ракетен систем Stinger од Германија за Украина. Сепак, членките на НАТО одбија да понудат логистичка поддршка за испорака на оружје за Украина, бидејќи ризикуваат нивните војници да бидат повредени или […]

Град Скопје ќе бира членови на Иницијативен одбор за конституирање Собрание на млади


Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за избор на членови за формирање Иницијативен одбор, кои ќе бидат дел од иницијативата за создавање Локален младински совет на Град Скопје. Иницијативниот одбор ќе биде составен од 3 члена. Младите лица коишто сакаат […]

Во последниот квартал лани имало околу 8.000 слободни работни места


Во четвртото тримесечје од 2021 година во земјава имало имало 7.979 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во државата изнесува 1,59 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3 отсто има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот […]

Општина Кисела Вода објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија на граѓани


Во контекст на начелата за зајакнување на соработката со здруженија на граѓани и фондации кои со својата стручност учествуваат во развојот на општината, Општина Кисела Вода објави јавен повик за нивна финансиска поддршка, велат од општината. Локалната самоуправа ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација […]

Цената на гасот во Европа надмина 2.200 долари за илјада нормални метри кубни


Цената на гасот во Европа утрово надмина 2.200 долари за илјада нормални метри кубни. Тоа е раст од 60 отсто и највисока цена од декември 2021 година. Еден час претходно, илјада кубни метри гас во Европа чинеле 1.700 долари, што е зголемување за 22,5 отсто во споредба со вчера, јави Танјуг. Покрај гасот, силниот раст […]

Што значи кога ви се јаде солено или слатко


Што значи кога телото бара слатки или солени грицки, а што ако наеднаш испиете кисела вода или сода? Австралиска нутриционистка „декодирала“ што значи кога одеднаш јадеме одредена храна. Понекогаш сме гладни и јасно ни е дека се ќе ја задоволи потребата на нашиот организам за хранливи материи, но понекогаш наглите желби за одреден вид храна […]

Османи разговараше со Ескобар, очекуваат јасна осуда од страна на Кина


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во кој остро ја осудиле руската инвазија на Украина и дале поддршка за територијалниот интегритет на земјата. МНР соопштува дека во рамки на разговорот, „беше поздравена светската осуда на воената инвазија, […]

Руската Сбербанк побегна од европските пазари


  Главната руска банка Сбербанк Груп соопшти дека се повлекува од европскиот пазар бидејќи е погодена од огромни финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија на Украина, пренесоа руските новински агенции. „Сбербанк одлучи да се повлече од европскиот пазар поради моменталната ситуација“, се вели во соопштението. Се додава дека филијалите на таа банка „се […]