Тинејџер од Романија измамил бабичка од Скопје – барал да му плати со злато


Во вторникот,  во Полициската станица Карпош бил приведен Л.Г.(18) од Романија.

Тој се сомничи дека на 17.02.2022 измамил 77-годишна жена од Скопје, односно дека сторил кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел предмети на продажба, а притоа барал да му се плати во злато.

Со Л.Г. бил извршен службен разговор во присуство на Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.