Јужна Кореја блокира седум руски банки


Јужна Кореја ќе забрани финансиски трансакции со седум големи руски банки и нивните подружници и со тоа ќе се приклучи на санкциите што Западот ги воведе против Русија.

Министерството за финансии на земјата вчера објави детален план за санкции по консултациите со Министерството за финансии на САД.

Седумте руски банки опфатени со јужнокорејските санкции се Сбербанк, ВЕБ, ПСБ, ВТБ, Откритие, Совком и Новиком.