Русија се фали дека окупирала град во Украина


Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски војници го зазеле градот Херсон во јужна Украина.Доколку ова тврдење е точно, тоа е најголемиот украински град окупиран од Москва, јавија светските агенции.Според руски извештаи, руските сили синоќа влегле во Херсон и руската армија синоќа била на улиците на градот.

Градоначалникот Игор Коликаев утрово за локалното радио изјави дека руските сили синоќа ја презеле градската железничка станица и пристаништето во вторникот вечерта, јавува Би-Би-Си Русија.

– Борбите сега траат, а окупацијата на нашиот град е во тек, рече тој.

Коликаев информира дека многу луѓе загинале, вклучително и украински војници и цивили, а владините претставници сега се обидуваат да обезбедат луѓето да го напуштат градот или да се засолнат.