Предизвици за 2022 година во односите меѓу  Македонија и Грција


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката,  ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се […]

Активни над 9000 Ковид-случаи во земјава, бројот на заразени во светот надмина 300 милиони


Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат […]

Нови рокови за автопатот Кичево – Охрид и пругата кон Бугарија, старт на интерконекторот со Грција


Капитални инвестиции во вредност од 10 милијарди и 885 милиони денари во делот на патната мрежа, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструктура најавува Министерството за транспорт и врски за годинава. Планирани се активности за изградба на автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10 д, со 6,1 милијарда денари, интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и […]

Облачно и врнежливо со температури над нулата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од […]

Детали од жалбата на Ѓоковиќ: Не му дале да се одмори и го малтретирале при пристигнувањето


  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во своевиден притвор и во хотелот „Парк“ во Мелбурн, а објавени се и деталите од жалбата што првиот тенисер во светот ја упати до австралиските власти. Одлуката дали ќе биде депортиран, или ќе му се овозможи да настапи на Австралија опен ќе биде донесена во понеделник, за кога е […]

Во Велика Британија од корона вирус досега починаа 150.000 луѓе


  Велика Британија денеска пријави 313 починати од Ковид-19, па вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 150.057, што ја прави змејата најтешко погодена во Европа. По повеќедневните рекордни новозаразени поради омикрон, Велика Британија сеха го надмаши и тој симболичен праг. Но, последните неколку дена бројот на заразени опаѓа, па во сабота се […]

Што го чека Ѓоковиќ доколку биде протеран од Австралија


Доколку судот ја отфрли жалбата на адвокатите на Новак Ѓоковиќ против одлуката за одземање на визата и забрана за влез во Австралија, а со тоа и настап на Австралија опен, најдобриот тенисер ќе биде депортиран од земјата, но и со можна забрана за три години. Тоа е одговорот на австралиските гранични служби на прашањето на […]

Јапонец покажа каков пакет добиваат инфицирани од Ковид


Еден корисник на Редит од Јапонија покажа како изгледа карантинот во таа земја. „Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома! Изложената храна е за едно лице (јас) во Токио“, стои под фотографијата на која се гледа содржината на пакетот. „Се покажа дека сум позитивен на Ковид. Ми се јавуваат секое […]

Алвеш го собори рекордот на Барселона, играјќи во Ла Лига со 38 години и 247 дена


Бразилецот Дани Алвеш постави нов рекорд во Барселона. Тој се најде во почетниот состав на Каталонците на вечерашниот дуел со Гранада и со 38 години и 247 дена стана најстариот играч кој настапувал за каталонскиот гигант во шпанското фудбалско првенство. Барселона води со 1:0, а токму Алвеш беше асистент при постигнување на голот на Де […]

Во Алмати стапи на сила полицискиот час, апел до жителите да останат дома


Во најголемиот град на Казахстан, Алмати, во 20 часот по локално време стапи на сила полицискиот час што го најавија сирените. Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелираа до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости. Како што јавуваат локалните медиуми, […]

„Ќе го нервираме Макрон“ – антиваксерите во Франција повторно на протести


Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид. Макрон оваа недела рече дека сака да ги „изнервира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени […]

Запленети 272 апарати за ископување криптовалути во Косово


  Косовската полиција претпладнево заплени 272 апарати за ископување на криптовалути во село во близина на Лепосавиќ, област на северот од земјата населена со српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља преку својата страница на Фејсбук информира дека во акцијата, која поминала без инциденти, е уапсено […]

Француската амбасадорка во Бугарија нуди посредување меѓу Софија и Скопје


Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели во изјавата […]

Потврден прв случај на африканска свинска свинска чума во земјава


Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое […]

Србија лани со рекордни 3,9 милијарди евра странски директни инвестиции


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека Србија ја завршила 2021 година со повисока стапка на странски директни инвестиции од рекордната 2019 година. Станува збор за 3,9 милијарди евра. „Мислам дека Рузвелт еднаш рече дека признанието, наградите и благодарноста одат на оние кои се борат, на оние во арената, на рингот, а не на оние […]

Регистрирани 632 новозаразени, починаа вкупно 11 пациенти


Во последните 24 часа направен е 6.531 тест, а регистрирани се 632 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 470 • Охрид – 35 • Прилеп – 25 • Кавадарци и Штип – по 17 • Струмица – 14 • Велес – 10 • Гевгелија – 9 • Кичево – 5 • Неготино – 4 […]

Во Србија повеќе од 7.500 новозаразени, починаа 23


  Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа регистрирани се 7.652 новозаболени со Ковид-19. Починаа 23 пациенти, а на респиратори се 83 луѓе. Како што беше најавено, веднаш по новогодишните празници бројот заболени нагло почна да расте. Лекарите велат дека сојот омикрон веројатно е доминантен и дека бројот заразени ан дневно ниво уште […]

Ѓоковиќ имал две барања, австралиските власти го одбија


  Тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој последните три дена се наоѓа во хотелот „Парк“ во Мелбурн откако австралиските власти му забранија влез во земјата оти не е вакциниран имал само две барања. Најдобриот тенисер на светот во понеделник на судење ќе се обиде да докаже дека неправедно е одбиен за влез во Австралија, иако тамошните закони […]

Во воздушен напад во северниот дел на Тиграј загинаа 56 лица, најмалку 30 ранети


 Во воздушен напад во северниот дел на регионот Тиграј во Етиопија загинаа 56 лица, а најмалку 30 се повредени во камп за раселени лица, изјавија хуманитарни работници, повикувајќи се на локалните власти и изјави на сведоци. Според нив, нападот врз кампот во градот Дедебит во северозападниот дел на регионот Тиграј, во близина на границата со […]

Атланта заинтересирана за Симонс


Атланта е заинтересирана за кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, објави инсајдерот Марк Штејн на Твитер. Клубот ќе се обиде да го ангажира 25-годишниот Австралиец кој не играше оваа сезона. За потсетување, Симонс сака да ја смени клупската средина и е во конфликт со управата на Филаделфија. Во тековната сезона во НБА-лигата, Симонс нема одиграно ниту […]