Што го чека Ѓоковиќ доколку биде протеран од Австралија


Доколку судот ја отфрли жалбата на адвокатите на Новак Ѓоковиќ против одлуката за одземање на визата и забрана за влез во Австралија, а со тоа и настап на Австралија опен, најдобриот тенисер ќе биде депортиран од земјата, но и со можна забрана за три години.

Тоа е одговорот на австралиските гранични служби на прашањето на АП за можнио исход за Ѓоковиќ.
„На лице на кое му е укината визата може да му биде забрането да му се издаваат дополнителни привремени визи во период од три години“, се вели во електронската пошта до АП.
Тоа значи дека во случај на таков исход Ѓоковиќ не би можел да настапи на Грен слем тениски турнир во оваа земја пред сезоната 2025. Тогаш ќе има 37 години.
Одлуката за случајот на Ѓоковиќ ќе биде донесена ноќта од недела кон понеделник по средноевропско време.