Детали од жалбата на Ѓоковиќ: Не му дале да се одмори и го малтретирале при пристигнувањето


 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во своевиден притвор и во хотелот „Парк“ во Мелбурн, а објавени се и деталите од жалбата што првиот тенисер во светот ја упати до австралиските власти.

Одлуката дали ќе биде депортиран, или ќе му се овозможи да настапи на Австралија опен ќе биде донесена во понеделник, за кога е закажана седница на Австралискиот Федерален суд.

Сега се знае точно како дошло до оваа ситуација и како се развила.
Новак пристигна околу полноќ во средата, по што локалните власти практично веднаш му ја укинаа визата и одлучија да го депортираат. Новак поднел жалба на 35 страници, врз основа на која можел да остане три дена, пишува Нова С.

Жалбата што ја поднесоа адвокатите на Ѓоковиќ е во три дела – запознавање со фактите, грешки во процесот и малтретирање при пристигнувањето во Австралија од страна на полицајци.
Во првиот дел од текстот, адвокатите на Ѓоковиќ го информираа судот за важни факти, како што е доаѓањето во земјата, каква виза имал, кога била издадена, кога добил писмо од главниот медицински директор на Австралиската тениска асоцијација во кое се наведува дека добил ослободување од вакцинација. Во тој дел стои и датумот на првиот ПЦР тест, па уште еден документ за изземање …

Во вториот дел се споменуваат грешки во процесот што ги направиле делегатот и надзорниците, но најинтересен е третиот во кој е објавена процедурата низ која поминал Ѓоковиќ по слетувањето.

Според информациите наведени во претставката, околу 21 минута по полноќ, како и половина час подоцна, Ѓоковиќ два пати бил сослушан. Потоа, околу 03:55 часот беше најавено дека ќе се состави известување за пресудата, по што на Новак му беа дадени 20 минути за жалба, пренесува Дневник.хр.

Ѓоковиќ побарал повеќе информации, како и да разговара со правен советник за да има време за одмор, што му било дадено околу 17:20 часот. Сепак, бил разбуден нешто повеќе од половина час подоцна, кога делегатите почнаа да го притискаат да го прифати крајот на интервјуто, и покрај неговото инсистирање да се почека до 8:30 часот.

Интервјуто заврши во 6:14, а во 7:29 решија официјално да му ја откажат визата.

Што содржи жалбата: 
1) Новак помина 25 часа на пат;

2) Делегатот можеше да сфати колку е изненаден Ѓоковиќ и дека не разбрал што се бара од него.

3) Ѓоковиќ инсистираше да разговара со луѓе од Тениската асоцијација на Австралија, но и со адвокати.

4) Ѓоковиќ побара неколку часа за одмор;

5) Надзорниците го присилиле на интервју, како и дека е најдобро да се одлучи веднаш наместо претходен правен совет.