Србија лани со рекордни 3,9 милијарди евра странски директни инвестиции


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека Србија ја завршила 2021 година со повисока стапка на странски директни инвестиции од рекордната 2019 година. Станува збор за 3,9 милијарди евра.

„Мислам дека Рузвелт еднаш рече дека признанието, наградите и благодарноста одат на оние кои се борат, на оние во арената, на рингот, а не на оние кои фрлаат, клоцаат или вознемируваат другите додека прават нешто важно и вредно. Мислам дека нема нешто поважно од тоа да се бориш за својата земја“, рече Вучиќ.