Јапонец покажа каков пакет добиваат инфицирани од Ковид


Еден корисник на Редит од Јапонија покажа како изгледа карантинот во таа земја.

„Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома! Изложената храна е за едно лице (јас) во Токио“, стои под фотографијата на која се гледа содржината на пакетот.

„Се покажа дека сум позитивен на Ковид. Ми се јавуваат секое утро и ме прашуваат како се чувствувам тој ден во однос на температурата, симптомите и нивото на кислород. Ме прашаа и дали сакам да престојувам во хотел, што го одбив бидејќи живеам сам. Потоа ме прашаа дали сакам храната да ми ја праќаат дома на што се согласив (бесплатно е). Но, не очекував ваков пакет. Не сум сигурен дали сите кои моментално се позитивни на Ковид во Токио ги добија истите работи“, напиша тој, додавајќи дека во изолација мора да биде 10 дена.

Луѓе од други земји ги споделија своите искуства

Оваа објава привлече големо внимание, па луѓе од други земји ги споделија своите искуства.

„Ова е слично на ситуацијата во Нов Зеланд, иако таму добивате помалку храна, но повеќе медицински материјали, како што се мониторите за кислород. На луѓето таму им е дадена и опцијата да се стават во карантин во државна институција. И секој ја известува својата состојба по телефон секој ден. моето семејство во САД беше позитивно, не добија ништо. Дури ни информации што да прават. Морав да им кажам да земат монитор за кислород“, напиша друг корисник на Редит.

„Јас сум во Бугарија, никој не дава пакети овде, докторката ми е уште многу добра, јас бев негативен на почетокот, но имав симптоми и ми се влошуваше состојбата, па ми рече да дојдам на преглед, ми препиша лекови, рече да се изолирам и да земам апарат за мерење кислород и веднаш да и се јавам ако падне под одредено ниво. Искрено, мојот доктор ми се чини дека е исклучок во оваа земја“, го сподели своето искуство еден бугарски корисник.

„Во Велика Британија само те прашуваат: „Зошто по ѓаволите не доаѓаш на работа?!“ се пошегува една Британка.