Бугарија целосно се затвори за македонските граѓани, влез само за исклучоци


  Поради влошената епидемиолошка  ситуација во Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19 јануари. Притоа, се ограничува влезот за сите таканаречени неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со […]

„Њујорк тајмс“: Србија испробува нови облици на цензура на медиумите


  Кога Ковид-19 пристигна во Источна Европа во пролетта 2020 година, српска новинарка откри голем недостиг на маски и друга заштитна опрема. Набрзо била уапсена, фрлена во ќелија без прозорци и обвинета за поттикнување паника, пишува „Њујорк тајмс“. Новинарката Ана Лалиќ набрзо беше ослободена, па дури и доби јавно извинување од владата во нешто што […]

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ уште првиот ден се огради од македонското малцинство во Бугарија


Маричиќ уште првиот ден  се огради од македонското малцинство во Бугарија, додека клима со главата на бугарските барања за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на претходната изјава на министерот за евроинтеграција Бојан Маричиќ по средбата со германската гостинка Ана Лирман. „Изјавата на Маричиќ е дека нема да се меша во малцинските […]

Тиктокерки заработуваат повеќе од директори на глобалните компании


Ѕвездите на ТикТок како сестрите Д’Амелио и Адисон Реј заработуваат повеќе пари од многу од извршните директори на S&P 500. Неодамнешното рангирање на Форбс ги постави сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио како создавачи на содржини со најголема заработка на ТикТок, откако тие заработија 17,5 и 10 милиони долари, соодветно, во 2021 година преку спонзорирана содржина, […]

Еди Рама: Национализмите во ЕУ се пречка за Западен Балкан


  Албанскиот премиер ги повика лидерите на Западен Балкан да го отфрлат отворањето кон надворешните сили и да ја задржат вербата во нивниот сон за влез во ЕУ. Еди Рама рече дека Албанија „никогаш нема да се откаже од Европа и ЕУ, без оглед на формата на ЕУ во иднина“, додека се обидува да ги […]

Кои земји најбрзо закрепнаа од пандемијата?


Ирска постигна импресивен раст во улови на корона кризата и бележи најбрзо закрепнување меѓу 23 земји на ОЕЦД. Од европските земји најлошо е рангирана Шпанија, но последиците од кризата ги трпат и Велика Британија, Италија и Португалија. Кога подетално ќе се анализираат другите важни економски показатели, излегува дека Данска, Словенија и Шведска најдобро се справиле […]

Европскиот буџет за хуманитарна помош годинава ќе изнесува 1,5 милијарда евра


 Европската комисија го усвои годишниот буџет за хуманитарна помош, тој изнесува 1,5 милијарди евра од кои 152 милиони за Балкан, Украина, Кавказ и Турција, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија смета дека со 1,5 милијарди евра алоцирани за хуманитарна помош, Европа ќе биде водечка сила во оваа област во време кога хуманитарните кризи […]

Сали ја презеде функцијата министер за здравство од Филипче


Беким Сали денеска од Венко Филипче ја презеде функцијата министер за здравство. – Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста […]

Брнз кај Ковачевски: Енергетските проекти приоритет за двете земји


  Американската амбасадорка Кејт Брнз денеска на средба со премиерот Димитар Ковачевски му го честитала изборот и му рекла дека Македонија е во во врвот на приоритетите на меѓународната политика на САД. Ковачевски и Брнз разговарале за продолжување на економската соработка „со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и […]

Брус Спрингстин e најплатен музичар во 2021- заработил 590 милиони долари 


САД– Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“. Најголем дел од заработката е од продажба на своите песни и авторските права минатиот месец. Договорот на музичарот со „Сони мјузик“ беше проценет на 550 милиони долари и тоа воедно претставува најголема продажба што еден […]

Аргентина, Австралија и Канада повторно со рестрикции за влез во ЕУ


Белгија– Европската унија одлучи дека Аргентина, Австралија и Канада треба да бидат отстранети од списокот на земји за кои рестрикциите за патување треба постепено да се укинат поради Ковид-19. Европската унија, врз основа на епидемиолошките податоци, двапати месечно го ревидира списокот на земји за кои треба да се воведат или укинат рестрикции за влез. Според […]

И Ковачевски нема да се меша во внатрешните прашања на Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски се надева дека преку соработка во економијата, бизнисот, образованието, Бугарија ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ. Тој се надева дека овие теми ќе надвладеат пред историските прашања, кои засега се пречка за Македонија да ги отпочне преговорите. „Мојата и намерата на Петков е да разговараме за иднината и […]

Холивуд во страв- домовите на славните мета на организирани крадци


САД- Лори Лафлин и Мосимо Џанули се најновите познати личности во областа Лос Анџелес на кои им е извршен грабеж во домот, објави Фокс њуз. Наредник потврди за Fox News Digital дека домот на актерката од „Full House“ и на нејзиниот сопруг во Холивуд Хилс бил ограбен на 3 јануари. Полицијата потврди дека славниот пар […]

Ковачевски е задоволен од министрите на ДУИ


Новиот премиер Димитар Ковачевски, околу одлуката досегашните министри од ДУИ повторно да бидат во Владата изјави дека тоа го сторил затоа што е задоволен од соработката која ја имал со нив додека ја извршуваше функцијата заменик-министер за финансии. „Луѓето со кои сум работел никогаш не сум ги дедел на кадри од одредена политичка партија или […]

Четири евтини намирници за отстранување на дамка од пенкало


Како да ги отстраните дамките од пенкало? Многу лесно ако ги знаете овие трикови! Најчесто, дамките од мастило и пенкала се отстрануваат ако реагирате „брзо“ и ако го измиете валканото место со детергент за садови или триете со алкохол. Меѓутоа, кога се оставени да „отстојат“, тешко е да се вадат. Во тоа можат да ви […]

Без Ѓоковиќ, Австралија опен е поле за нови шампиони


Отвореното првенство на Австралија, опфатено со превирања и контроверзии околу имиграцискиот статус на Новак Ѓоковиќ, сè уште ветува дека ќе биде еден од историските турнири со многу конкурентни приказни. Ѓоковиќ, депортиран откако земјата му ја откажа визата, нема да може да ја одбрани титулата. Во меѓувреме, тоа создава можност за Рафаел Надал да ги помине […]

Над 90.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ во изминатите 20 години


Во изминатите дваесет години од државјанството на БиХ се откажале 93.210 лица, а само лани, до 10 декември, од книгата на државјани се испишале 2.802 лица. Трендот на откажување од државјанството на БиХ продолжи и покрај пандемијата, која е присутна речиси две години, објавија локалните медиуми. – Во постапката за откажување од државјанството на БиХ, […]

(Видео) Ѓоковиќ се врати во Белград, но не им се обрати на навивачите и медиумите


Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по двонеделната сага во Австралија, денес околу пладне слета на аеродромот во Белград. Враќањето во Белград на српскиот тенисер предизвика голем интерес. На аеродромот „Никола Тесла“ беа присутни стотина новинарски екипи, како и навивачи кои дојдоа да му изразат поддршка на својот омилен спортист. Ѓоковиќ кој од Мелбурн преку […]

(Видео) Млад човек турна жена на шините на метрото во Брисел, за „влакно“ избегната трагедија


Во инцидентот во Брисел една жена за „влакно“ избегна смрт. Млад човек намерно ја турнал на шините на метро станицата, но за среќа возот успеал навреме да застане. Инцидентот се случил во петокот вечерта околу 19:45 часот на метро станицата Рожие во Брисел. На жената веднаш ѝ помогнале луѓе кои случајно се нашле на станицата […]

Јетон Шаќири ја презеде функцијата министер за образование и наука


Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата. -На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се […]