Јетон Шаќири ја презеде функцијата министер за образование и наука


Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата.

-На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.

Шаќири е кадар на ДУИ и досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација.