Во Грција пристигнуваат првите шест француски воени авиони Рафал


Првите шест, од вкупно 18 воени авиони Рафал што Грција ќе ги набави од Франција денеска ќе пристигнат во Атина, ќе прелетаат над Акропол, по што ќе следи и свечена манифестација во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Нова демократија на социјалните мрежи вчера објавија видео од […]

Сончево и ветровито, со ниски утрински температури


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до 1, а максималните од 2 до 9 степени. Во Скопје наутро ќе преовладува студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 јануари 2022 година, 19-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 346 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 30 минути. Денов трае 9 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Пендаровски: Петков е нестандарден политичар


 Далеку сме од ситуација во која ќе кажеме дека работата е завршена или дури и дека е поодмината во позитивна насока. Треба да бидеме многу претпазливи и да не избрзуваме, зашто станува збор за многу сензитивно прашње од највисок национален и државен интерес. Треба поширок општествен консензус и добро обмислување на секој нареден чекор, рече […]

Петков: Можно е да се менува составот на Историската комисија


  На средбата со бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Скопје, премиерот Кирил Петков изјавил дека е можно да се менува составот на историската комисија. Колегите од „Дневник“ пишуваат дека Петков немал дефинитивен одговор, но рекол дека „ќе биде потребен нов формат на работа, бидејќи мешовитиот комитет за историски и образовни прашања ќе […]

Димитров: Ние правиме отстапка, Бугарија стои


 Во однос на тактиката нашиот заеднички став беше – ништо не е договорено додека не е договорен цел пакет и затоа ништо не може да се спроведува. Ние денес направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто, што нам ни треба и ни е важно, изјави вечерва поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола […]

Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа право никој не може да им го ускрати


Се обидов само да се држам во рамки на Уставот кој јасно ја утврдува  улогата на нашата држава во однос на заштитата на македонскиот народ и нашите државјани. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам какво било право. Вака вицепремиерот за евроинтеграции Бојан […]

Страшни бројки во Франција – 464.769 нови случаи на ковид


  Франција регистрираше 464.769 нови инфекции со Ковид-19 во последните 24 часа, покажаа официјалните податоци во вторникот, што е највисока досега забележана бројка од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс. Официјалните бројки покажуваат дека смртните случаи од корона вирус во болница се зголемиле за 288 и сега изнесуваат 100.339. И во Италија има големи бројки – […]

Димевски и Галовеј договорија соработка во спортскиот сектор


Воспоставување соработка и поддршка во областа на родова еднаквост на девојки и жени во спортот, како и за креирање партнерство за позитивни климатски промени, иницираа на денешната средба претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и британската амбасадорка во Скопје Рејчел Галовеј. На средбата, на која присуствуваше и советничката за спорт Силвија Митевска, беше констатирано […]

ЗНМ бара Владата да ги почитува протоколите за ковид при прес-конференции


  Преполната мала сала со новинари и сниматели на денешната прес-конференција на македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, многумина ги остави во загриженост од опасноста да стане жарите за ширење на короната. Половина од новинарите и не носеа маски. Владата очигледно не го пресмета доволно медиумскиот интерес за прес-конференцијата. Таа требаше да […]

Лабадија нов тренер на Џенова


Последно пласираниот тим во Серија А, Џенова, го назначи денеска за свој нов тренер германскиот стратег со италијанско потекло Бруно Лабадија (55). Тој доаѓа на местото на Украинецот Андриј Шевченко, кој имаше исклучително неуспешен престој на клупата на Џенова и го предводеше тимот во кој настапува поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев до само една победа на вкупно […]

Ракетен пораст на новозаболени во Македонија – 2.269


  Пандемијата и Омикрон сојот незапирливо се шират и во Македонија – дневните бројки на нови инфекции за прв пат надминаа две илјади. Во последниве 24 часа има 2.269 нови случаи на корона вирусот од 7.038 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 32,2 отсто.  Голема е бројката и на починати лица – […]

Ахмети: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата


Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието. Ахмети рече дека на средбата се интересирал за тоа кои се пречките за позитивен епилог во спорот односно решение за почнување […]

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари


Мајкрософт денеска соопшти дека ќе го купи гигантот во индустријата за видео игри, компанијата Активижн Близард (Activision Blizzard), за 68,7 милијарди долари и тоа во готовина. Договорената цена значи дека Мајкрософт ќе плати 95 долари по акција на Активижн. Акциите на Активижн скокнаа за 27 отсто на Њујоршката берза по објавувањето на веста, додека акциите […]

Владата го утврди бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година


Владата попладнево на трета седница донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности. Како што информира  владината прес-служба, со одлуката бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, […]

Во Грција предлог јавно да се објавуваат фирмите кои ги прекршуваат Ковид мерките


Во грчкиот Парламент доставен е амандман што предвидува јавно објавување на трговските имиња на компаниите и бизнисите кои ги прекршиле мерките воведени за спречување на ширењето на Ковид-19 и им била изречена соодветна казна, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно амандманот целта е „јавно и навремено информирање на потрошувачите/ граѓаните за прекршувањето на мерките […]

Рекордни 2.269 заразени со корона вирус во Македонија и вкупно 24 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, […]

Во Албанија 2.832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата


Албанија– Во Албанија во последното деноноќие Ковид-19 е потврден кај 2.832 лица, што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.   -Од направените 8.746 тестови вирусот е потврден каја 33 отсто од тестираните. Исто така во списокот на закрепнати се внесени 1.732 а починале шест лица, на возраст од 59 до […]

Ковид го прекина снимањето на новата романтична комедија со Клуни и Џулија Робертс во Австралија


Австралија– Романтичната комедија на Universal „Ticket to Paradise“ го прекина снимањето во Австралија поради сериозна појава на Ковид во државата Квинсленд, според извори блиски до филмот. Поради паузата во снимањето, ѕвездите Џорџ Клуни и Џулија Робертс, наводно, полетале назад во Соединетите држави. „Ticket to Paradise“ започна со снимањето минатата година на повеќе локации во Квинсленд […]

СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опасен


 Самиот факт дека пандемијата на Ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен, предупреди директорот за управување со кризи на СЗО. „Луѓето се противат на пандемијата, но ендемичната маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, насилството е ендемично во нашите градови“, рече Мајкл Рајан на виртуелниот панел […]