Ампева: Доколку работниците од православна вероисповед работат за Водици им следува празнична дневница


 Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели за МИА, Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на […]

Ковид-19: Рекорден број на новозаразени во регионот


Епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е влошена, а посебно е тешко во Словенија, Србија и Хрватска, каде денеска се евидентирани рекорден број на новозаразени. Србија денеска евидентираше рекорден број на новозаразени со коронавирус – 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци, соопшти Министерството за здравство, откако претходно денеска премиерката Ана Брнабиќ најави дека бројот […]

ЗЕЛС бара поддршка од Владата за полесно справување со економската и енергетската криза


Претставниците на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) денеска на средба со дел од владиниот економски тим ги изнесоа предизвиците од економската и енергетската криза и побараа поддршка за нивно полесно надминување. Делегацијата на ЗЕЛС ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, како и потпретседателите, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и градоначалникот […]

УНИЦЕФ: Одложувањето на второто полугодие да биде привремено, затворањето на училиштата мора да е последна мерка


 Додека земјата минува низ уште еден бран на инфекции со Кoвид-19, сè почесто предизвикан од сојот омикрон, најдобриот интерес на детето мора да има централно место при секое одлучување дали училиштата да останат отворени. Одлуката на Владата за одложување на почетокот на учебната година по зимскиот распуст треба да биде привремена мерка и да се […]

Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина


Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство. Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, […]

Вториот човек на Ватикан позитивен на коронавирусот


Италијанскиот кардинал Пјетро Паролин, државен секретар и втор човек на Ватикан, како и неговиот заменик, се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска ватиканската медиумска служба. „Паролин (67) е позитивен на Ковид, но со благи симптоми и сега е во изолација“, изјави Матео Бруни, директор на медиумската служба. Позитивен е и неговиот заменик Едгар Пења Пара, венецуелски надбискуп, и нема симптоми, […]

Петков на средба кај Пендаровски


  Бугарскиот премиер, Кирил Петков, беше и на средба кај претседателот Стево Пендаровски, на која се разговарало за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, со оглед на тоа дека Северна Македонија и Бугарија се блиски соседи и сојузници во НАТО. Пендаровски го поддржал започнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, […]

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени 29 патници од Косово


Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој биле се судрил со камион во градот Ќустендил. Според косовските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва. Возачот на камионот наводно се обидел да […]

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија


За Западен Балкан е од најголема важност да добие Фонд за фер транзиција кон зелена економија од фосилни горива, се вели во нова анализа на грчката непрофитна организација Грин тенк (Green Tank). Според нив, важно е поддршката за регионите што произведуваат јаглен во Западен Балкан да биде приоритет со цел успешно да се одговори на […]

 ЕСМ во моментов задоволува 100 отсто од потребите на регулираниот пазар на електрична енергија


АД ЕСМ во моментов ги покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, а непречено тече и набавката на јаглен за потребите на термоцентралите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ работи согласно побарувањата од универзалниот снабдувач со електрична енергија – […]

Захариева: Петков падна во стапицата на Скопје


Екатерина Захариева, поранешната шефица на дипломатијата на Бугарија која го разгоре спорот со Македонија, е разочарана од изјавата на премиерот Кирил Петков – дека историјата ќе стане второстепено шпрашање во преговорите со нашата држава. „Ако треба во една реченица да ја сумирам прес-конференцијата на премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија, тоа би било […]

 Од 21 јануари ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и Скопје Север


АД ЕСМ од 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа  е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да […]

Град Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво


Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Совет за поддршка на женско претприемништво. Советот има за цел да креира политики за полесен пристап на жените во општественото дејствување. Од Град Скопје информираат дека ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените. […]

Како земјите од регионот се справуваат со свинската чума


Ветеринарната комора на Република Северна Македонија денеска е домаќин на делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска. Директорот на Ветеринарната комора, д-р Томислав Николовски на прес-конференција информираше дека состанокот ќе го искористат да разменат мислења, состојби и информации што се од интерес за државата, по појавата на африканската свинска чума. Во однос на депопулацијата на свињите, […]

Можно е заезерување на дел од Вардар, Ангелов смирува – немало опасност од поплави


Поради градежен зафат направен е насип со којшто е попречено дел од речното корито на Вардар, доаѓа до подигање на нивото на водата која поради производство на електрична енергија се испушта од системот на мавровските електрани, но и од Козјак, Матка 2 и Матка 1, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов […]

Рот: Бугарија да признае македонско малцинство


Денешната средба на премиерите на Бугарија и Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје ја поздрави и поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во Бундестагот, Михаел Рот, која на својот Твитер профил објави дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското […]

Во Србија фантастични 18.000 заразени во еден ден


    Србија денеска забележа апсолутен негативен рекорд во нови инфекции од кора вирусот – дури 18.006 лица. Направени се 39.740 тестови, што значи дека позитивните примероци изнесувале огромни 45,3 отсто. Во последните 24 часа има 26 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати е 13.124. Вкупно се хоспитализирани 2.559 лица, а на респиратори […]

ССМ: Недела ден на неделен одмор е реалност и согласно со Уставот


Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија на вонредна седница  расправаше за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од  страна на Стопанската комора на Северна Македонија со која се оспоруваат измените на Законот за работни односи со кои се уредува работата во недела. – Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа […]

Ковачевски и Петков положија цвеќе на спомениците на „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент и Св. Наум Охридски“


 Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков положија цвеќе на спомениците на „Св. Кирил и Методиј“ и на „Св. Климент и Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.   – Двајцата премиери заеднички оддадоа почит на делата на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и […]

Владата демантира дека биле прескокнувани делови од химната


Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали дека намерно биле прескокнувани одредени стихови од химната на  Македонија за време на официјалниот пречек на премиерот на  Бугарија, Кирил Петков. „Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира […]