Сè е подготвено за 30. традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје


Во рамки на годинешната прослава на Бадник, со симболично сечење на бадникови гранчиња денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, се одржа традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022 година. На прославата која по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, […]

ВМРО-ДПМНЕ едно, а Трајко Славески друго за замрзнувањето на цените


  Очигледно е дека има разлика во ставовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот главен економист Трајко Славески околу одлуката на Владата за замрзнување на цените на одредени производи. На почетокот од декември, кога владата ја донесе оваа мерка, ВМРО-ДПМНЕ официјално преку соопштение реагираше дека таа мерка е задоцнета и дека требало да се преземе […]

Во Македонија регистрирани 280 новозаразени, починаа вкупно 10 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на Ковид-19: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – […]

Србија со помалку од 1.000 новозаразени, починаа 26 пациенти


Корона вирусот во Србија е потврден кај 976 лица во последните 24 часа, а во исто време од овој вирус починале 26 пациенти. Тестирани биле 9.265 лица. На респиратор се приклучени 99 пациенти, а бројот на хоспитализирани лица е 2.074. Стапката на смртност е 0,98%.

Влада: Продажбата на акциите од АД Славија е запрена поради барањето за времена мерка доставено до Судот


Ја известуваме јавноста дека наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на АД Славија, се целосно неточни и манипулативни, велат од Влада преку писмено соопштение. „Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по […]

Во САД на Божик загинаа татко и два сина, мајката и третиот син се спасија


  Таткото и двајца синови починаа во пожар во куќата што се случил на Божик, а мајката и третиот син успеале да се спасат. Во пожарот настрадале и двете кучиња што семејствоот ги чувало. Пожарот во нивната куќа во градот Квакертаун во Пенсилванија веројатно избувнал о комбинација со проблеми со електричните инсталации и божиќното дрвце. […]

Сане: Баерн е еден од фаворитите во Лигата на шампионите


Играчот од средниот ред на Баерн, Лерој Сане го сподели своето мислење за шансите на тимот да го освои германското првенство и Лигата на шампионите во сезоната 2021/2022. – Не сакаме некој да ни се доближи на табелата во Бундеслигата. Сакаме да станеме шампиони. Во Лигата на шампионите, како и обично, малите детали и условите […]

Во угостителски објекти во Охрид и во Тетово затекнати лица без или со лажен сертификат


Ноќта меѓу саботата и неделата од 23 до 02 часот, полициски службеници и вработени од Управата за јавни приходи, на подрачјето на Охрид, извршија контрола во 17 угостителски објекти при што,  затекнаа четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без […]

(Галерија) Дедомразовци од сите возрасти го зацрвенеа центарот на Скопје


Ценарот на Скопје денеска беше црвен од стотиците учесници на традиционалната Дедомразовска трка. По една година пауза поради ковид кризата, на плоштадот „Македонија” во Скопје денеска се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која учествуваа голем број граѓани од најразлични возрасти облечени во традиционалниот дедомразовски костум и ја истрачаа патеката од два километра. Победникот Миомир Алексовски […]

Судан: 58 полицајци повредени, 114 уапсени за време на протест


 Суданските власти денеска соопштија дека 58 полицајци биле повредени за време на протест претходниот ден против воениот удар, јави државната телевизија. Во соопштението на Комитетот за безбедност на Картум се додава дека 114 лица се уапсени и се соочуваат со судски процес. Демонстрантите повторно протестираа во Картум и други судански градови вчера против воениот удар […]

За Славески замрзнувањето на цените е популистичка мерка и нема да го заштити стандардот


Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на Советот на Град Скопје смета дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и нема да го заштити стандардот. Тој во неделното интервју на Радио слободна Европа на македонски (РСЕ), изјави дека една од реперкусиите од таквата мерка може да биде зголемување на сивата […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира законски измени да се забрани увоз на тутун, додека не се откупи домашниот


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницираат законски промени, да се забрани увоз на тутун, додека не се откупи домашниот, соопштија од опозициската партија. За ова станало збор на координативна средба на градоначалниците од регионите во кои се одгледува тутун кој е една од главните егзистенцијални гранки во општините. На средбата се разговарало за ниската цена на тутунот […]

Папата Франциско: Трите клучни зборови во бракот се – „Молам, благодарам и извини“


Во обид да ги охрабри брачните двојки, папата Франциско рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош и потсети дека трите клучни зборови во бракот се: „Молам, благодарам и извини“. Папата напиша писмо до брачните двојки, што беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со […]

(Фото-галерија) Охридска новогодишна бајка


Македонскиот туристички бисер Охрид и годинава со сиот свој раскош ги очекува гостите од целиот свет за пречек на Новата Година и Божиќните празници. И покрај пандемијата угостителите и хотелиерите очекуваат добра посетеност, а Општината се потруди амбиенот да биде збогатен со украсување на градот под Самоуиловата тврдина и со соодветна програма за претстојните празници.  […]

Шилегов реагираше на загадениот воздух во Скопје


Поранешниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов, на фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ. Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „go green…“. Скопје синоќа се вбројуваше во првите […]

Почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас


  Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој беше на чело на државата во два мандати од 2005 до 2015 година, почина денеска на 92-годишна возраст, соопштено е во Атина. Папуљас во два наврати беше и шеф на дипломатијта, објави „Ројтерс“. Тој беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер […]

Илјадници возила на граничните премини за влез во Македонија


Десетици илјади возила влегле во Македонија преку граничните премини во последните два дена. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера и завчера за влез и излез од земјава се регистрирани вкупно 35.607 возила. Од нив 23.494 автомобили биле за влез, а 12.113 возила ја напуштиле државата. >Бројот на влезови и излези и денеска е […]

Ковачевски утре ќе го предложи новото раководство на СДСМ


Утре ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ на која партијата треба да го потврди претседателот Димитар Ковачевски како нов мандатар за новата Влада, а тој потоа  да го предложи  новото партиско раководство. Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека во среда се очекува шефот на државата да му го додели мандатот на […]

Села нема да даде оставка на лидерската функција


Централно собрание одржа вчера Алијанса за Албанците, на кое беа разгледувани резултатите од локалните избори и  формирањето на комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес. Лидерот  Зијадин Села изјави дека редовниот конгрес ќе биде одржан на 27 март идната година, а тој ќе остане лидер на партијата, односно нема да си даде оставка. […]

Франција со најмногу заболени во еден ден од почетокот на пандемијата – 104.611


  Француските власти вчера јавија за 104.611 нови случаи на зараза со корона вирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Последната седмодневна инциденца беше нешто помала од 647 нови зарази на 100.000 жители. Со огед на драстичниот пораст на зарази, француската влада сугерираше дека може да ги заостри антиковид мерките со нови […]