Шилегов реагираше на загадениот воздух во Скопје


Поранешниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов, на фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ. Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „go green…“.

Скопје синоќа се вбројуваше во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „iqair“. Со индекс на квалитет на воздух 181, главниот град е шести на листата на загадени градови.

Апликацијата „мој воздух“ покажа високи вредности на загаденост во сите делови на Скопје.