Во угостителски објекти во Охрид и во Тетово затекнати лица без или со лажен сертификат


Ноќта меѓу саботата и неделата од 23 до 02 часот, полициски службеници и вработени од Управата за јавни приходи, на подрачјето на Охрид, извршија контрола во 17 угостителски објекти при што,  затекнаа четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација. 
 
Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале  низа неправилности  во готовински промет. По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
 
Истиот ден од 23 до 2 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола со која вкупно биле опфатени четири угостителски објекти во Тетово.При контролата, во угостителски објект на улица “Димо Гавровски-Кара” биле затекнати и во координација со Државен пазарен инспекторат со соодветни поднесоци санкционирани четири лица од тетовските села Шемшово, Нераште, Мала Речица и Џепчиште, кои не поседувале сертификати за примена вакцина против “ковид-19” и 2 лица без документи за идентификација.
 
Двете лица без документи приведени се во Полициска станица Тетово за натамошна постапка, а санкции ќе следуваат и за угостителскиот објект.Во угостителски објект на улица “Маршал Тито” , пак, бил затекнат еден малолетник и нему ќе му биде изготвен соодветен поднесок.