ТикТок го надмина Гугл и стана најпосетуваниот интернет домен во светот


Услугата за споделување кратки видеа ТикТок стана најпосетуваниот интернет домен во светот во 2021 година, наоѓајќи се пред минатогодишниот лидер Гугл, кој е дел од холдинг компанијата Алфабет, според американската технолошка компанија Cloudflare Radar. Социјалната мрежа Фејсбук го зазеде третото место на листата на најпосетувани домени, вклучувајќи веб-страници и апликации, во последната година, четвртото – […]

Мостот кај Безистенот во Битола приемен испит за Тони Коњановски


  БИТОЛА – Реконструкцијата на мостот кај Безистенот во Битола по сѐ изгледа ќе биде „приемен испит“ и проверка на способностите за менаџирање на новиот градоначалник Тони Коњановски. Мостот стар повеќе од еден век стана првата главоболка за новата власт која се соочи со неажурната администрација на локално и централно ниво и незадоволството на граѓаните […]

Хрватска: Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер кај Глина


Денеска околу шест и пол часот е регистриран умерен земјотрес кај Глина со јачина од 3,1 степени според Рихтер. Сеизмолозите од Сеизмолошката служба утрово во 6 часот и 28 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Доња Трстеница, 11 километри северозападно од Глина. Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, а интензитетот во […]

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил


Расте бројот на жртвите од поплавите во Бразил, а илјадници луѓе се евакуирани. Бројот на жртвите од поројните дождови што од ноември ја погодија бразилската држава Баија вчера се искачи на 18. Катастрофата принуди 35.000 луѓе да се иселат, соопштија локалните власти. Пожарникарите од Баија ја потврдија смртта на 60-годишен маж кој се удавил во река на југот на државата. Најмалку две лица се водат како исчезнати, […]

Во САД за еден ден откажани речиси 1.200 летови поради Ковид-19


Американските авиокомпании откажаа речиси 1.200 летови во неделата бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот се во изолација поради Ковид-19. Комерцијалните авиокомпании откажаа 1.171 лет во, до или од САД , според податоците на FlightAware.com. Тоа е трет ден по ред со голем број откажани летови во САД. За Божик беа откажани 997 летови, […]

„Дух во школка“ – нова книга на Сунчица Уневска


Излезе од печат нова книга со филмски рецензии на новинарката и филмска критичарка, Сунчица Уневска, насловена „Дух во школка“. Книгата е во издание на „Аквариус“, а поддржана е од Министерство за култура. Ова е четврта книга на Уневска, во која според концептот таа се надоврзува на  „Седмиот печат“, нејзината прва книга која беше посветена на […]

Израелскиот премиер Бенет е во изолација поради Ковид во неговото семејство


Израелскиот премиер Нафтали Бенет негативно е тестиран на коронавирус, откако претходно беше изолиран поради тоа што неговата ќерка е заразена со вирусот. Бенет вчера го напушти неделниот состанок на владата откако дозна за позитивниот тест на неговата 14-годишна ќерка. Неговиот кабинет соопшти дека премиерот ќе остане во изолација како мерка на претпазливост. Новата варијанта на коронавирусот Омикрон […]

Шекеринска и Брнз ќе потпишат договор помеѓу Северна Македонија и САД во врска со т.н Лејхи закони


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз денес ќе потпишат договор меѓу Северна Македонија и САД со кој се поддржува почитувањето на човековите права при дејствување на безбедносни сили. Договорот произлегува од т.н Лејхи закони кои предвидуваат забрана за американскиот Стејт Департмент и Министерството за одбрана на САД […]

Столтенберг предложи на 12 јануари да се одржи состанок на Советот НАТО-Русија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одлучи да го свика Советот НАТО-Русија на 12 јануари и е во „контакт“ со Москва за да го организира состанокот, изјави претставник на Алијансата во Брисел. Столтенберг во изминатите месеци повеќепати ѝ понуди на Москва да го продолжи дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија, кој беше формиран во 2002 година како платформа за […]

Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем


Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, изјави Ентони Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД. Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, тој ги наведе британските истражувања, според кои варијантата Омикрон се карактеризира […]

Бројот на активни КОВИД-случаи втор ден под 5.000


Втор ден бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е под 5.000. Според вчерашната ковид-статистика, од направени 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, а оздравени се 156 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа. Регистрирани се и 10 починати […]

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада


Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда. –  […]

Дванаесетто издание на Малиот новогодишен саем на книги на Темплум


Книгоиздателство Темплум по 12-ти пат го организира Малиот новогодишен саем на книги, кој  ќе се одржи од денеска до 30 декември во книжарницата „Гладно срце“. Во рамки на книжевната програма на настанот ќе се одржи и традиционалното доделување на наградите „Новите!“ за дебитантски прозен ракопис и „Лифт“ за македонски стрип. Новогодишното саемче ќе биде отворено […]

Собранието ќе ја одржи 59-тата седница


Собранието денеска ќе ја одржи 59-тата седница на чиј дневен ред, меѓу останатите, е и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, во второ читање. Во рамките на седницата ќе бидат разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од претениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта […]

Облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер


Времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. […]

Проекција на „Големиот сон“ од Себастијан Гроблер во Кинотека


„Големиот сон“ на режисерот Себастијан Гроблер ќе биде прикажан денеска во Кинотеката на Северна Македонија во рамки на филмската вечер организирана од Гете-институт во Скопје. Ова е вториот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“, што ќе биде прикажан во Кинотеката. Филмот го следи ангажманот на младиот учител Конрад Кох (Даниел Брул), кој бил ангажиран како професор по […]

Што ќе значи за македонските банки збогувањето со ЛИБОР референтната камата


  Македонските банки, како и другите финансиски институции на крајот на годинава ќе мора да се збогуваат со ЛИБОР, референтната каматна стапка што со децении се користеше за одредување на цената на финансиските инструменти и од 1 јануари да преминат на нов начин на пресметување на меѓусебните должничко доверителски односи. До ваква драстична промена во […]

Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон


Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од  6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон. Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат […]

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“


Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец вечерва на свеченост во Скопје ја промовира спортската монографија и истоимениот документарен филм, „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“. Двете дела се посветени на незаборавните успеси на клубот Бучим-Јака од Радовиш кој во 1995 стигна до титулата европски првак, а една година подоцна стана светски шампион. На 25-годишнината од […]

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија


Пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје вечерва ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите, информира Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека […]