Хрватска: Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер кај Глина


Денеска околу шест и пол часот е регистриран умерен земјотрес кај Глина со јачина од 3,1 степени според Рихтер.

Сеизмолозите од Сеизмолошката служба утрово во 6 часот и 28 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Доња Трстеница, 11 километри северозападно од Глина.
Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил на IV степен од ЕМС скалата, соопшти Сеизмолошката служба при Геофизичкиот оддел на Природно-математичкиот факултет. ЕМСЦ објави дека е 2,9 според Рихтер.