Значително облачно со локални врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а […]

Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата


  Иако популарноста на криптовалутите расте и секоја година се инвестираат се повеќе пари на овој пазар, мал број луѓе контролираат речиси една третина од вкупната циркулација на Биткоинот. Никој не спори дека 2021 година беше важна за Биткоин. Големи промени на цените, легализација на оваа валута во Ел Салвадор, се повеќе политичари и познати […]

Научници дигитално истражија мумија на древен фараон


  Египетски научници дигитално ги анализираа останките на Аменхотеп I, откривајќи детали од неговиот живот , но и смртта на египетскиот фараон. Мумијата откриена во 1881 година, на себе имала прекрасна маска за лице. Но, била толку кревка што стручњаците не се усудувале да ја допрат. Затоа мумијата на овој фараон останала единствена кралска египетска […]

Хрватска од јануари ги забранува пластичните кеси што најмногу се употребуваат


Хрватскиот министер за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ изјави дека пластичните кеси со дебелина од 15 до 50 микрони повеќе нема да се користат од 1 јануари 2022 година, а другите видови пластични кеси постепено ќе се повлекуваат од употреба во наредниот период. Во споменатата категорија на кеси кои се исфрлаат од употреба спаѓаат […]

Русија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ 2036


 Русија сака да се натпреварува за домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2036 и се подготвува да избере најсоодветен град за својата кандидатура. – Мораме да се натпреваруваме за домаќини на Игрите 2036 и целата земја мора да именува достоен кандидат, изјави денеска во Москва, рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко. Изборниот процес ќе го води Рускиот […]

Алекса му рече на 10-годишно девојче да стави монета на полнач напола вклучен во штекер


  Амазон ја ажурираше Алекса, главната помошничка и еден од своите најпознати производи, откако Алекса на десетгодишно девојче му рекла да стави монета на полнач напола вклучен во струја. Девојчето ја прашало Алекса за предизвик. „Вклучи го телефонскиот полнач отприлика до половина во штекер во ѕидот, а потоа допри ги запците со кованица“, рекла Алекса. […]

Драматични рекорди на ковид инфекции: Во Франција 179.807, во Британија 129.471, во Грција 21.657…


  Омикрон варијанатата на корона вирусот се шири со неверојатна брзина, а стапката на новозаболени расте со невидена големина. Иако смртноста на новата варијанта е помал отколку кај Делта варијантата, а симптомите се поумерени, огромниот број новозаболени создава неверојатен притисок врз здравствените системи, па затоа во многу европски земји се воведени нови ограничувачки мерки. Грција […]

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига


Шпанија– Поради голем број заразени играчи во дел од клубовите одложени се три од четирите натпревари што беа закажани за утре во кошаркарската Евролига. Последните информации говорат дека се појавиле многу позитивни тестови на коронавирус во редовите на Олимпијакос, кој поради тоа нема на располагање најмалку осум здрави играчи и не може да го одигра […]

Ковачевски се уште не го избрал тимот за владата


Повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната политика во државата, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова Влада Димитар Ковачевски, прашан по кои карактеристики ќе биде различен од неговиот претходник во партијата и во Владата, Зоран Заев. Ковачевски, кому утре претседателот Стево Пендаровски треба да му го додели мандатот за состав […]

Електронскиот потпис ќе има исто правно дејство како класичниот потпис


  Министерот за информатичко општетсво и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со генералните директори на КИБС АД Скопје Горан Анастасовски и на Некстсенс Васко Кроневски  и нивните тимови кои работеа на развој на решението за упис во регистарот на првата шема за електронска идентификација. -Особенo задоволство ни причинува што две реномирани домашни компании КИБС […]

Ќе се носи нов закон за платежни услуги и платни системи


  На денешната владина седница е утврден текстот на Предлог-законот за платежни услуги и платни системи кој треба да го замени постојниот Закон за платниот промет донесен во 2007 година. Како што соопштија од владината прес-служба, со новото предлог законско решение се усогласуваат одредбите од платниот промет со Директивата 2007/64/ЕЗ за платежни услуги и Директивата […]

Каролина стана заштитно лице на бренд кој ја почитува природата


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин стана заштитно лице на германски бренд за здравје и убавина. -Навистина е пријатно чувството кога ќе се пронајдете со бренд со кој ги делите вашите животни вредности и погледи, а пред сѐ вербата во моќта на природата. Драго ми е што овој празничен период започнавме едно ново пријателство и годината ја заокружуваме […]

Во Прилеп се покренува иницијатива за измени во Законот за тутун


  Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески преку попладневна средба денеска со дел од тутунските здруженија од регионот ја почна иницијативата за будно следење на текот на откупот, особено поради незадоволството на тутунарите од откупната цена, иако родот е квалитетен. Денеска се сретна со претставници на дел тутунски здруженија, а ќе се сретне и со Сојузот на […]

Мадрид, еден од ретките градови во Европа, ќе организира голема прослава за дочек на Нова година


Шпанија – Шпанската престолнина Мадрид ќе организира голема прослава за дочек на Новата година, со што ќе биде единствениот голем град во Шпанија и еден од ретките во Европа што, во услови на пандемија, на овој начин ќе го прослави влегувањето во 2022 година. Ваквата одлука на Мадрид доаѓа откако Берлин, Лондон, Париз и Рим ги […]

Пети Смит го доби клучот од градот Њујорк


САД– Американската музичарка и поетеса Пети Смит имаше чест да го добие од градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, клучот од градот. Како што соопштува порталот „Consequence Of Sound“ свечената церемонија се оддржала синоќа. – Во светот постојат многу уметници и многу музичари, но Пети Смит е единствена, изјави градоначалникот, давајќи ѝ го епитетот „кума […]

Данска стана земја со највисока стапка на зараза со ковид во светот


  Данска има највисока стапка на инфекција со ковид во светот со 1.612 случаи на 100.000 луѓе. Земјата од 5,8 милиони во понеделникот објави нов рекорд за дневни инфекции и сега има највисока регистрирана инциденца на вирусот во светот. Новите дневни случаи за првпат надминаа 15.000, а здравствените власти регистрираа 16.164 случаи на Ковид-19 за […]

СДСМ отсега ќе биде поприсутна на терен


  СДСМ во наредниот период дополнително ќе се демократизира, но и ќе се отвори за јавноста, особено за стручната јавност преку новиот систем на функционирање на комисиите, за што вчера беше и основан Советот за креирање и имплементација на политики, порача во интервју за Телевизија 24 Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.    Богоев најави и […]

Започна усогласувањето за ставање во функција на европскиот број за итни повици


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за потребата од обезбедување на телекомуникациски сервиси за единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата – Е-112. Согласно препораките на ЦУК, Владата ги прифати […]

Во Штипско нова стратешка инвестиција во енергетиката вредна 184 милиони евра


„Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци“, проект на Друштвото за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори „ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ“ Скопје,  со одлука на Владата доби статус на стратешки инвестициски проект. Одлуката е донесена на денешната седница на Владата. -Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци се со вкупен капацитет од 280 мегевати, а […]

Поддршка од 20 милиони денари за повластените производители на електрична енергија


Програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022 година донесе Владата на денешната 130-та седница. Програмата, информираат од владината прес-служба, ја уредува вкупната инсталирана моќност на електроцентралите по вид на технологии за кои ќе се доделува премија по спроведена тендерска постапка и склучени договори за користење […]