Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата


 

Иако популарноста на криптовалутите расте и секоја година се инвестираат се повеќе пари на овој пазар, мал број луѓе контролираат речиси една третина од вкупната циркулација на Биткоинот.

Никој не спори дека 2021 година беше важна за Биткоин. Големи промени на цените, легализација на оваа валута во Ел Салвадор, се повеќе политичари и познати личности добиваат дел од својата плата во дигитални валути, што значи многу за процесот на глобално усвојување на криптовалутите.

Според истражувањето спроведено од Националното биро за економски истражувања, непрофитна организација од САД, повеќето монети од Биткоин што се во оптек – околу 75 оттсто „се движат“ од една менувачница во друга, а мал број големи паричници контролираат повеќе од една четвртина од деловите што циркулираат.
Заедно со истражувањето спроведено од Wall Street Journal, најголемите 1.000 инвеститори контролираат околу 3 милиони или 16 отсто од вкупната циркулација на биткоини, додека 10.000 најголеми инвеститори поседуваат околу 5 милиони, што е околу 27 отсто од Биткоините што циркулираат.

Истражувањето обработува податоци од јуни, кога имало околу 18,7 милиони биткоин монети во оптек и 787.000 активни паричници, додека неодамнешните податоци покажуваат дека во меѓувреме се ископани уште 200.000 биткоин монети, кои заедно се наоѓаат на околу 733.000 активни паричници.

Само оваа година, во дигитални валути се инвестирани над 30 милијарди долари, во блокчејн, метаверзуми и други сродни проекти, значајна бројка што зборува за популарноста на блокчејн и на дериватите.

Оваа година, покрај криптовалутите, во приказната беа вклучени и финансиските услуги, уметноста, игрите, NFT, Web 3.0, децентрализираните социјални мрежи и многу повеќе, создавајќи плодна почва за идни инвестиции.

Од друга страна, иако по природа е децентрализиран, со толку голема количина што циркулира и која е концентрирана во мал број поединци, Биткоинот не може да избега од централизацијата, кон која природно се стремат сите денешни финансиски инструменти на капитализмот.