Каролина стана заштитно лице на бренд кој ја почитува природата


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин стана заштитно лице на германски бренд за здравје и убавина.

-Навистина е пријатно чувството кога ќе се пронајдете со бренд со кој ги делите вашите животни вредности и погледи, а пред сѐ вербата во моќта на природата. Драго ми е што овој празничен период започнавме едно ново пријателство и годината ја заокружуваме со проект кој ветува многу успех и во иднина. Природната нега за мене е правило број еден во мојата секојдневна рутина за убавина, затоа концептот на Ozone Gold комплетно се совпаѓа и со моите лични преференции, што искрено ме радува“, вели Каролина по повод новата соработка.

 

 

Заедничката соработка и новото пријателство, ги најавија со промотивно видео.