Владата интервенира за намалување на ризиците за раст на цената на струјата


Владата на денешната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат, како и правата и обврските на носителите на лиценци […]

Демократијата почнува на локално ниво – да им помогнеме на општините да станат финансиски одржливи!


Со настанот што се одржа денеска заврши проектот „Мојата општина – финансии, развој, долгорочна одржливост“. Проектот се реализираше преку Форумот за разумни политики и бизнис магазинот Економија и бизнис и беше финансиски поддржан од Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија. Со овој проект беа опфатени 15 општини (Прилеп, Куманово, Тетово, Битола, Кочани, Охрид, Гевгелија, […]

Отворен конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул


  Во Скопје денеска официјално е отворен конзулат на Малта во земјава и за почесен конзул на оваа островска држава е именуван  Кочо Анѓушев. Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада. Соодветни одобрувања се дадени и од […]

Акцелераторот УКИМ ги промовираше двете инвестиции во решението Листа и во играта „SciGirl: The Internship“


Акцелераторот УКИМ инвестираше во решението Листа на стартапот „Брандер Студио“ и во играта „SciGirl: The Internship“ на стартапот „Синдекс“ кои учествуваа во акцелераторската програма за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании, БАУ АПА2021. Александар Стамболиев, директор на Акцелераторот УКИМ на денешната панел дискусија на тема „Акцеларија за паметни инвестиции“ информираше дека Акцелераторот УКИМ во […]

ДКСК откри пет случаи на трупање на функции


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно поднесените изјави за интереси за 2021 година, констатирала пет случаи на кумулација на функција, од страна на избрани и именувани лица за кои ќе поднесе пркршочен платен налог. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, на денешната седница, информираше дека согласно поднесените обрасци за изјави за интерси за 2021 […]

Ким Џонг-ун свика итен состанок на партијата


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун свика средба на високо ниво на владејачката Корејска работничка партија, на кој ќе се разговара за стратешкото планирање во наредните месеци. Состанокот на Централниот комитет на партијата започна вчера во Пјонгјанг, во момент кога земјата се соочува со големи економски предизвици поради меѓународните санкции, природните катастрофи и прекините на снабдување поради […]

Брегзит – најголема катастрофа што која било британска влада договорила досега


Британскиот производител на сирење кој предвиде дека Брегзит ќе го чини стотици илјади фунти во извозот, го нарече „катастрофа“  излегувањето на Обединетото Кралство од единствениот пазар на ЕУ, бидејќи го загуби целиот свој бизнис на големо и мало во текот на изминатата година. Сајмон Спарел, коосновачот на компанијата „Cheshire Cheese“, вели дека личниот совет што […]

За Села, Ковачевски нема легитимитет бидејќи не ја доби власта преку избори


  Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е „недостигот на легитимитет на власта“, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на последната средба со новинари за ова календарска година, додавајќи дека 2021 е „година на скандали на Владата“ и тие како опозиција секогаш се тука за да прават се за да […]

И Меркел да беше лидер на СДСМ ќе беше обвинета за „заевизам“


Македонската политика секој ден слегува скалило по скалило подолу и не се знае кога може да го допре дното. Ако воопшто има дно. Актерите во неа ја претвораат самата политика во перверзија, поради што граѓаните веќе не веруваат во ништо што е поврзано со политичарите. Последниот пример со реакциите на главната опозициска партија на изборот […]

Нови 409 случаи со Ковид-19, вкупно 10 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 289 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 409 случаи од Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод […]

На 52 години почина братот на Марадона


Италија– Семејството Марадона остана без уште еден член, 52-годишниот Уго кој починал во својот дом во Неапол. Поранешниот младински репрезентативец на Аргентина и воедно брат на легендарниот Диего Армандо доживеал срцев удар, информираат светските медиуми. Ова е нова трагедија во славното семејство со оглед на тоа што пред 13 месеци својот живот го загуби славниот […]

Епл ќе претстави паметни телефони без користење СИМ картичка


САД– Американската корпорација Епл се подготвува да лансира паметни телефони без физичка поддршка за СИМ картичка, објави популарниот веб-сајт за информации од мобилната технологија 9to5mac. Епл преговара со мобилните оператори во САД, советувајќи ги да се подготват за лансирање на паметни телефони опремени само со виртуелна СИМ картичка (еСИМ). Тоа треба да се случи во […]

Русија ја забрани најстарата група за човекови права во земјата Меморијал


  Рускиот Врховен суд нареди затворање на Меморијал, најстарата група за човекови права во земјата, во пресудниот момент во казнувањето на независната мисла од страна на Владимир Путин. Судот нареди затворање на Меморијал според контроверзниот руски закон за „странски агенти“, чија цел беше десетици невладини организации и медиуми кои се сметаат за критички настроени кон […]

Теквондистот Дејан Георгиевски е најдобар спортист на Град Скопје


Теквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска. Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени и преостанатите најуспешните спортистки,спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година.  Традиционално и […]

Рашковски и средил на сопругата „подарок“ во возило вредно над 50 илјади евра


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило.ДКСК има сомневање за сторено кривично дело од страна на Рашковски по член 359, став 1 и 2 од Кривичниот законик, односно примање […]

Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП


 Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од победата (31:21) против Кувајт на првиот пријателски натпревар во подготовките за Европското првенство 2022. Сепак, на Лазаров не му е во прв план резултатот на подготвителните натпревари, туку поважно е како ќе се однесуваат неговите репрезентативци. – Не ми е важен толку резултатот, колку што […]

СЗО нема да ја исполни глобалната цел од 40 проценти вакцинирани во секоја земја


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел за вакцинација на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината, а недостатоците во Африка се особено сериозни, за што голем дел од вината се припишува на акумулацијата на вакцините меѓу богатите земји. Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема […]

Од јануари ќе се вклучи втор котел во ТЕЦ Неготино и трет блок во РЕК Битола


Во јануари 2022 година ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски посочи дека со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона, а од енергетската криза ќе излеземе без рестрикции, вложувајќи напори да се […]

Коалиција „Маргини“: КСЗД утврди повеќекратно вознемирување во учебникот Социологија за трета година


 Коалиција „Маргини“ соопшти дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по однос на нивната претставка утврдила продолжено и повеќекратно вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентитет, социјално потекло и припадност на маргинализирана група во учебникот Социологија за трета година реформирано гимназиско образование. Автори на учебникот се: Кеснофон Угриновски и Трајан Крстевски, […]

Дури 66,6 проценти од вкупните приходи на општините доаѓаат од централната власт


Во просек, 66,6 проценти од вкупните приходи на општините, доаѓаат од централната власт. Даночните приходи во просек учествуваат со 9,7 отсто, а приходите на данок на имот со 8,4 проценти, покажаа податоците собрани со проектот „Мојата општина – финансии, развој, долгорочна одржливост“ . Податоците покажуваат дека на расходи за плати отпаѓаат 48 отсто, а на […]