Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизводителите


  Генералниот секретаријат на Владата ја почна исплатата на финансиската поддршка за земјоделците кои произведуваат ориз, со што тие добиваат по три денари за килограм предадена арпа кај регистрираните откупувачи. Исплатата се реализира според законските мерки што претходно ги донесе Собранието, а како помош при надминувањето на влијанието од ковид пандемијата врз производството и пласманот […]

По Нова година ќе се поставуваат реквизитите во Луна паркот


По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк, најавуваат од град Скопје. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, велат од Град Скопје. Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага повторно да се менуваат имињата на улиците и плоштадите во Скопје


На предлог на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, Советот на Град Скопје на денешната трета седница со 24 гласа „за“ и 19 „против“ на дневниот ред ја додаде и точката за „Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“. – […]

Странските инвеститори со намален обем на работа поради глобалните економски движења


  Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираше анкетата за странските директни инвестиции во земјава со посебен осврт на актуелните состојби, остварените резултати и очекувањата за идната година. Анкетата која е спроведена во првата половина на месец ноември годинава […]

Мадам Помпадур – првото лице во Версај кое не било со сина крв


  На денешен ден пред точно три века е родена Мадам Помпадур, најпознатата љубовница на францускиот крал Луј XV, покровител на многу уметници и модна икона на Франција во 18. век. Многу гласини и теории кружеле за Мадам Помпадур за време на нејзиниот живот, а особено по нејзината смрт, а според некои приказни, таа била […]

РКЕ утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на струјата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаат и забелешките што ќе бидат […]

Омикрон сојот пристигна и во Босна и Хецеговина, десетмина заболени


Првите случаи со омикрон сојот на корона вирусот се детектирани и во Босна и Херцеговина. Од 100 тестирани примероци на омикрон сојот, кај нив десет потврдена е оваа варијанта, потврдија од Клиничкиот центар во Сараево за Klix.ba. Омикрон сојот веќе некое време прави сериозен проблем во Европа, во претходната седмица е забележан во повеќе држави […]

Ковачевски го доби мандатот, сега треба да ја состави владата


  На пригодна церемонија во вилата „Водно“ шефот на државата, Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот за составување влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со што почна 20-дневниот рок за формирање на новиот кабинет. Пендаровски рече дека мандатот го дава на Ковачевски врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот […]

Исчистени 6,5 тони смет од дворот на Градежниот факултет


Во текот на вчерашниот и денешниот ден службите за одржување на хигиената во Општина Центар собраа 6,5 тони парчиња искршена пластика, хартија, суви лисја и гранки од дворот на Градежниот факултет. Иако редовното одржување на хигиената во кругот на факултетот е надлежност на самата инстуција, Општина Центар излезе во пресрет и го исчисти струдентскиот двор […]

МТВ ќе го пренесува Европското ракометно првенство


Натпреварите на македонската ракометна репрезентација од престојното Европско првенство ќе бидат пренесувани на МТВ. Македонската радио телевизија успеа да се договори со Арена која ги има правата за овој регион за ЕП, па ќе ги гледаме натпреварите од големиот ракометен турнир и на македонски. „Во групната фаза ќе има преноси од натпреварите во термините од […]

Заев и Филипче до здравствените работници: Вие сте хероите во 2021


  Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од Ковид-19, денеска им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето […]

Нови 396 случаи на Ковид-19 и вкупно 18 починати


Нови 396 случаи на Ковид-19 се регистрирани денеска, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со корона вирус изнесува 224.134. Оздравени се 207 пациенти и  пријавени се 14 починати лица во изминатите 24 часа, информира Министерството за здравство. Направени се 4.858 тестирања, а новите случаи се регистрирани во Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп […]

Запленети над 6.000 пиротехнички средства во Прилеп, приведени три лица


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица од Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, денеска со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода и […]

Европа го добива својот прв домашен производител на батериски ќелии, шведскиот Нортволт


Шведската компанија Нортволт денеска објави дека ја произвела првата батериска ќелија во нова фабрика за производство во северниот дел на земјата, нагласувајќи дека таа е целосно дизајнирана, развиена и произведена на европско тло. Ќелијата во облик на призма излезе од производната линија вчера, соопшти компанијата. Извршниот директор на Нортволт, Питер Карлсон, го најави почетокот на […]

Били Ајлиш, Роналдо и Меси со највеќе лајкови на Истаграм годинава


Били Ајлиш и Лионел Меси доминираат во првите 10 најлајкувани фотографии на Инстаграм во 2021 година со пет објави, додека веста за близнаците на Кристијано Роналдо го зазема првото место. Ајлиш e популарна славна личност на Инстаграм оваа година. 20-годишната пејачка има две од топ-10 најлајкувани фотографии на социјалната мрежа во 2021 година. Откривањето на […]

(Видео) Малку по шини, малку по пат: Автобус и воз во едно пакување


Ова дизел-возило користи класични тркала со гуми за пат, а на шини извлекува челични тркала и продолжува понатаму како воз. Идејата е да се обезбеди јавен превоз во мали градови, како што е Каијо на островот Шикоко, во кој ќе сообраќа ова необично возило. Превозното средство прикажано на снимката не настана од хировите на технолошки […]

Јовески: Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година


Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. На средбата, која поради КОВИД пандемијата и оваа година се одржа онлајн, од ЈОРСМ соопштија дека обвинителите ја анализирале годината што изминува и разговарале за идните […]

Хју Џекман позитивен на Ковид-19


САД- Хју Џекман има проблеми и тоа не е само во Ривер Сити. Актерот во вторникот објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19, принудувајќи го откажувањето на неговото шоу на Бродвеј „Музичкиот човек“ до следниот месец. 53-годишната ѕвезда на X-Men ја сподели веста за неговата дијагноза на социјалните мрежи, истовремено охрабрувајќи ги своите следбеници […]

Сите придобивки од чајот од ѓумбир


  Ѓумбирот е една од најмоќните билки и може да помогне кај некои чести проблеми. Иако се произведува во Азија и потребни се до 10 месеци за жетва на еден корен, не е некаков проблем да го најдете во кој било дел од светот во текот на целата година. Всушност, се повеќе експерти на дневна […]

Мицкоски го обвини Пендаровски дека бил дел од „хибриден режим“


Интервјуто на Димитар Ковачевски за Сител било „стерилно“, а Пендаровски бил дел од „хибридниот режим“ во Македонија. Така лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги оцени претседателот на СДСМ и шефот на државата за време на денешната посета на скопската општина Бутел. Мицкоски не успеал да препознае нека „политичка, лидерска реченица“ кај Ковачевски. „Имав прилика да […]