Бела куќа: Бајден и Путин утре ќе разговараат телефонски


САД –  Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа. Соопштението е во момент на подготовки за американско-руски безбедносни разговори следниот месец. -Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка […]

Елејн Томсон и Левандовски најдобри во 2021 во избор на спортските новинари


Швајцарија– Јамајканската атлетичарка Елејн Томсон – Херах и полскиот фудбалер Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти во 2021 година во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Ова е прва награда во изборот на AIPS за Томсон, која на Летните олимписки игри во Токио освои три златни медали, на 100 и 200 метри, како и во штафетната трка […]

Починати сопружници извадени од реката Радика


Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа. Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во […]

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум


Во рамки на стратешките активности за континуирано материјално-техничко подобрување и инвестиции во инфраструктурните капацитети на македонската полиција, кои ги зацрта актуелното раководство на МВР на чело со министерот Оливер Спасовски, во моментот забрзано се работи на осум полициски објекти, 69 се досега целосно реконструирани, а планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната […]

Студија сугерира дека коронавирусот се задржува во органите со месеци


САД- Податоците од новата студија сугерираат дека коронавирусот што предизвикува Ковид-19 може да опстојува на различни делови од телото со месеци по инфекцијата, вклучително и срцето и мозокот. Научниците од Националниот институт за здравје (NIH) открија дека вирусот може да се шири нашироко од респираторниот тракт до речиси секој друг орган во телото и да […]

СОКОМ и НУБ ќе соработуваат за заштита и промоција на македонското музичко творештво


Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ потпишаа Меморандум за соработка кој предвидува ативности за заштита и промоција на македонското музичко творештво оставено како наследство од генерации композитори и творци.   Како што соопшти СОКОМ, Меморандумот за соработка, потпишан од претседателката на СОКОМ, проф. д-р Валентина Велковска […]

Завршени над 95 отсто од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин


Над 95 проценти од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот 8 е од особено значење за целата држава, изјавил заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој денеска заедно со министерот за […]

Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година, објави Град Скопје.  Програма на 31.12.2021 година:   21:00-22:00 – Пука Козметика 22:10-23:10 – ДНК 23:20-00:20 […]

СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени


Швајцарија –  Истовременото ширење на сојот Делта и на сојот Омикрон на коронавирусот создава „цунами од случаи“, нагласи на прес-конференција денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави […]

„Чудна случка со кучето во ноќта“- Драмски театар со премиера против предрасудите кон лицата со аутизам


Драмскиот театар вечерва во 20 часот ќе ја изведе премиерата на претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“. Урбаната драма која режисерката Зоја Бузалковска ја постави по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон, е театар во театар против предрасудите кон лицата со аутизам. -Тоа е претстава за различноста, за перцепцијата […]

Мијалков сепак излегува од затвор


Сашо Мијалков излегува од притвор, пренесува „А1он“, откако според медиумот му е уважена  жалбата од Апелациониот суд , по одлуката на Кривичниот суд кој му одреди дополнителна мерка притвор за „Плацови на Водно“.  Засега се уште не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или некој од членовите барале наместо нив да одлучи […]

Деспотовски: ТИРЗ во целост го реализираше планираниот буџет за компаниите, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра


Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во целост го реализираше планираниот буџет за поддршка на компаниите што функционираат во рамки на технолошко-индустриските развојни зони. Исто така, бројките покажуваат дека заклучно со месец ноември, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра, а конечните податоци ќе бидат објавени на почетокот на 2022 година, информираше директорот […]

Ќе биде ли и Груевски дел од Советот на Бесими во СЕФФ


  Сите поканети поранешни министри за финансии се одѕвале на поканата на актуелниот прв финансиер, министерот Фатмир Бесими, да бидат дел од иницијатива за формирање Совет како експертско тело кое ќе биде дел од Скопје економскиот форум, (СЕФФ), на кој ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за кои што е потребен консензус во општеството. […]

Ужас во Сомбор: Маж ја убил сопругата и двете ќерки, па се обесил


  Во српскиот град Сомбор денеска избувна пожар во кој загинаа четири лица. Но како што ѝ потврдиле од истрагата на телевизијата Н1, пред пожарот се одвивала голема крвава драма во куќата. Сопственикот на куќата, Здравко Горановиќ, ги убил сопругата и двете ќерки, а како што неофицијално е потврдено, се обесил. Тој претходно запалил нешто […]

Три месеци условен затвор за вулгарен коментар на фејсбук страницата на ЗНМ


Судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) пристигна денеска за случајот каде што од профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна […]

Богојески до Софија: Нема да прифатиме наратив што ќе ја урне македонската држава


  Вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав, што официјална Софија во моментов го бара од Скопје, би понудило привремено решение, но би создало нов проблем во време кога на Северна Македонија всушност и треба транзиција кон граѓански концепт на нација место наследениот модел од комунистичкото југословенско време, изјави  за бугарски „Дневник“ Петар Богојески, лидер на […]

Османи против предлогот на Димитров решението со Бугарија да оди на проверка во Собранието


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, излезе денес со спротивен став од тој на претседателот Стево Пендаровски за спорот со Бугарија во ЕУ. Османи е цврсто убеден дека времето не работи за нас, но со ограда дека тоа не значи дека се спротивставува на оценките на шефот на државата. Главната опасност, според него, е […]

Кај шестнаесетгодишник најдени дрога и експлозив


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при скопскиот Основен кривичен суд достави барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за дете на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции […]

Намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак


Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Бидејќи телото одмара во текот на ноќта и има потреба од дополнително гориво за денот, важно е да се добие вистинската храна. Нутриционистите предупредуваат на храна која не е добра за јадење на празен стомак и една […]

„Макпетрол“ склучи договор со „Гаспром“ за набавка на поевтин гас


Макпетрол“ склучи договор со компанијата „Гаспром“ и ги обезбеди потребните количини на гас за македонскиот пазар, односно за деловните партнери со кои соработуваат.   „Цената што ја постигнавме во овој договор со „Гаспром“ е за 30 % пониска од берзанската цена, а сите деловни партнери што соработуваат со „Макпетрол“ ќе имаат обезбедна стабилна и навремена […]