Пановски: Не треба веќе со сертификатите да ги малтретираат луѓето и да им забрануваат движење


Микробиологот д-р Никола Пановски во дебатниот магазин „Click Plus“ посочи дека сертификатите за примена вакцина против Kовид-19 никогаш не требало да се донесат. Според него, луѓето не треба веќе да ги малтретираат и да им забрануваат движење бидејќи вакцинираните лица исто така ја шират болеста. -Сертификатите никогаш не требаше да се донесат и на луѓето […]

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 20 отсто


Цената на струја ќе поскапи, но тоа нема да биде драстично, изјави синоќа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски, гостувајќи во емисијата „Економски магазин“. Кога се мисли на „драстично“, Бислимовски информира дека „сѐ што е над 20% во делот на електричната енергија е драстично зголемување“. -Драстично зголемување нема да […]

Почнува вакцинацијата со Турковак


Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти. Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата […]

Девојката на Епштајн, Гислејн Максвел, осудена за сексуална трговија


  Поранешната британска припадничка на високите кругови Гислејн Максвел беше прогласена за виновна за сексуална трговија во средата попладне на процесот во федералниот суд во Менхетен, Њујорк. Максвел (60) беше уапсена во јули 2020 година, обвинета за вмешаност во сексуалното злоставување на тинејџерки од 14-годишна возраст од страна на поранешното момче Џефри Епштајн. Максвел беше […]

Надворешнотрговскиот дефицит на САД е на рекордно ниво


САД– Дефицитот на САД во стоковната трговија со светот достигна нов рекорд во ноември, бидејќи увозот се искачи на историски максимум. Надворешно трговскиот дефицит се зголеми на 97,8 милијарди долари минатиот месец од 83,2 милијарди долари во октомври, соопшти Министерството за трговија. Увозот се зголеми за 4,7 отсто на 252,4 милијарди долари, предводен од набавките […]

Велика Британија вети 142 милиони долари помош за ранливите земји за справување со Омикрон


Англија– Велика Британија вети 105 милиони фунти (141,7 милиони американски долари) итна помош за ранливите земји, особено во Африка, за да се справат со ширењето сојот Омикрон на коронавирусот. Владата во Лондон синоќа соопшти дека парите ќе бидат искористени за мерки за намалување на ширењето, зајакнување на тестови и зголемување на залихите на кислород. Министерството за надворешни […]

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19


Мексико – Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против КОВИД-19 „Абдала“ за итна употреба. Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико. Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 […]

САД и европските сојузници разговараа за Русија, Украина, Кина и Иран


Германија – Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Велика Британија и САД разговараа синоќа за ситуацијата на украинската граница и претстојните формати на дијалог со Русија, соопшти германското МНР. Четворицата министри за надворешни работи разговараа и за последната рунда меѓународни разговори во Виена за иранската нуклеарна програма и како да се покаже солидарност со Литванија поради неодамнешните дејствија на Кина, објави Министерството на Твитер. Американскиот претседател […]

Хуманитарни пакети со облека и храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток


Во пресрет на празниците, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток денеска ќе биде организиран традиционалниот  предновогодишен ручек.  На 150 бездомни лица кои редовно го посетуваат Пунктот ќе им бидат поделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. Пунктот за бездомници функционира 13 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта  […]

Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје


Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје. Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено  известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на  податоци од Државниот автоматски мониторинг систем […]

РКЕ ќе решава за висината на цената на струјата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на главна седница треба да донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На вчерашната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаа и забелешките  во писмена […]

Завршува првото полугодие, учениците од утре на зимски распуст


Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2021/2022 година и од утре, 31 декември, се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2022. Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега […]

Променливо облачно, за новогодишната ноќ ведро со услови за појава на магла


Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Земјотрес од 7,2 по Рихтер регистриран во Индонезија


Силен земјотрес, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди групата острови Барат Даја во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 170 км

Вакцината како тест за интелигенција


(Колумна за Дојче веле) Живееме во време кога односот спрема пандемијата стана тест за еманципација.  Старите поделби не важат: се чини како помалку да е важно кој е сега конзервативен или либерал, демократ или републиканец, Македонец или Албанец, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.  Односот кон вакцините, и воопшто, кон пандемијата, како да станува нова доминантна оска на […]

Нови застрашувачки бројки – во Франција 208.000 нови инфекции во еден ден


  Франција регистрираше национален и европски рекорд на нови инфекции со корона вирус, бидејќи варијантата Омикрон поттикнува пораст на случаи низ континентот, при што повеќе земји достигнаа нови максимални вредности. Франција во средата пријави 208.000 случаи во претходните 24 часа, што е повеќе од претходниот рекорд од речиси 180.000, поставен претходниот ден. „Ова значи дека […]

Арсовска: По ревизијата и консолидирање на ЈСП ќе се воведува во етапи бесплатен автобуски превоз


Град Скопје би помогнал секому, но буџетот е оставен во очајна состојба. Заглавен е со проекти за кои се склучени договори кои се повеќегодишни и, за жал, мора да се реализираат и не може да се прекинат. Најголем дел од средствата се веќе однапред определени каде ќе се трошат следната година, рече градоначалничката Данела Арсовска […]

Екссопругата на д-р Дре побогата за 100 милиони долари по разводот


САД- Андре „Д-р Дре“ Јанг и Никол Јанг се договорија околу разводот.  56-годишниот продуцент се согласил да и плати на поранешната сопруга 100 милиони долари, објави TMZ. Д-р Дре кој „тежи“ 820 милиони долари ќе ѝ плати на Јанг (51) на две рати од 50 милиони долари како дел од договорот за порамнување имот. Првото […]

Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља …


Шпанија – Бројот на заразени со Ковид-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем. Барселона објави денеска дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид четворица, а во Севиља тројца. Позитивни на Ковид-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига. Второпласираната […]

Ковачевски планира да ја предложи Владата околу 10-11 јануари


Претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски планира Владата да ја предложи околу 10-11 јануари идната година, односно во пократок рок од уставно предвидениот. Во интервју за Канал 5 вечерва Ковачевски додаде дека принципот на одговорност ќе биде одлика на управувањето. – Технократскиот начин на управување обично се поврзува со цврста рака на владеење, меѓутоа […]