Били Ајлиш, Роналдо и Меси со највеќе лајкови на Истаграм годинава


Били Ајлиш и Лионел Меси доминираат во првите 10 најлајкувани фотографии на Инстаграм во 2021 година со пет објави, додека веста за близнаците на Кристијано Роналдо го зазема првото место.

Ајлиш e популарна славна личност на Инстаграм оваа година. 20-годишната пејачка има две од топ-10 најлајкувани фотографии на социјалната мрежа во 2021 година. Откривањето на нејзината руса коса е четвртото место по број на лајкови, а на шестото место на листата е фотографија од фотосесијата за „Вог“.

Фудбалската легенда Лионел Меси  се најде на листата со три различни објави.

А уште една фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, со веста дека неговата партнерка е бремена со близнаци, повторно е на прво место втора година по ред. Не многу зад него се пејачката Аријана Гранде со нејзините свадбени фотографии, и магнатот за козметика Кајли Џенер со втората најава за бременост.

Били Ајлиш е четвртото место на листата со новиот имиџ  со руса коса, објавено на 17 март.
Фотографијата од нејзиниот нов платинест изглед доби 23 милиони лајкови.

Таа, исто така, се најде на листата со уште една фотографија од провокативната фотосесија за „Вог“, каде што носи секси корсет „Барбери“ под елегантно палто. Фотографијата, објавена на 2 мај, брзо собра 22,1 милиони лајкови.

Објава број еден со најмногу лајкови на Инстаграм во 2021 година ја направи – уште еднаш – фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо (36) на 28 октомври.

Популарниот спортист го освои првото место со објава во која откри дека неговата девојка Џорџина Родригез е бремена со близнаци.