Како енергетските пијалаци влијаат врз бременоста?


САД – Енергетските пијалаци се популарни затоа што, како што се верува – ја зајакнуваат концентрацијата. Сепак, бремените жени и доилките не треба да ги пијат овие напитоци, поради можни негативни последици, пишува „Веривел фемили“ (Verywell Family). Кај трудницата, плацентата што расте во матката го снабдува бебето со храна и кислород преку папочната врвца. Хранливите материи што […]

Јаболковиот оцет помага против дијабетес


САД– Околу 442 милиони луѓе ширум светот страдаат од дијабетес. Многу од нив прибегнуваат и кон алтернативни начини за намалување на нивото шеќер во крвта, а еден од нив е употребата на јаболков оцет. Така, се поставува прашањето – колку всушност е корисен јаболковиот оцет за овој здравствен проблем? Истражување објавено во списанието на Американското здружение […]

Шесто издание на филмскиот фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври


Шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ ќе се одржи од 27 до 31 месецов. Оваа година фестивалот се враќа на класичниот формат на одржување во живо, во Кинотека, но сепак ќе продолжи и традицијата од лани, со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ 24. Отворање на фестивалот, на 27 октомври, ќе се […]

Во Црна Гора странци годинава купиле недвижен имот вреден 153 милиони евра


Во првите осум месеци годинава, вкупните вложувања на странски државјани и компании во Црна Гора изнесувале 524,44 милиони евра, покажуваат новите првични податоци на Централната банка на Црна Гора. Од друга страна, дури 210,19 милиони евра излегле од земјата во истиот период – или 40 проценти од вкупниот износ – така што нето странските директни […]

Гласачите се повеќе и го вртат грбот на политиката- излезноста најмала во историјата


Малатa излезност во првиот круг од локалните избори, која е најниска од независноста. Таа, според податоците на ДИК е 48,99 проценти, иако е можна мала корекција. Сепак, и со евентуални корекции излезноста останува историски најниска досега и помала од минимумот од 56 отсто забележан на локалните во 2005 година. Според податоците за бројот на освоени […]

Уште 27 Авганистанци од Македонија заминаа за Ирска


  Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште. Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим […]

Почнува скринингот на учениците за Ковид-19, утре први ќе се тестираат средношколците во Скопје


Во девет средни училишта во Скопје утре ќе почне скринингот на учениците за Ковид-19. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство. Тестирањето на учениците, како […]

Влегоа во музејот „Прадо“ во Мадирд, тврдат дека ќе се убијат


Група луѓе кои преживеаја масовно труење со масло од репка пред 40 години, го зазедоа музејот „Прадо“ во Мадрид, а ако не се исполнат нивните барања, се закануваат дека ќе извршат самоубиство за неколку часа. „Шест часа по влегувањето во оваа просторија ќе почнеме да пиеме апчиња“, твитнаа утрово на профилот на жртвите од случајот […]

Поделбата во опозицијата ѝ ги зголемува шансите на Теута Арифи


Големата нетрпеливост меѓу двете партии што призлегоа од едно движење ѝ ги зголемува шансите на актуалената градоначалничка на Тетово, Теута Арифи (ДУИ) да ситне и до трет мандат. Арифи води со мала разлика пред првиот човек на Беса, Билал Касами, 11.138 наспроти 10.496. Успехот на Касами е еден од најнеочекуваните резултати на локалните избори. Алијансата […]

ЕФА ја повика ЕУ да ги охрабри Бугарија и Грција да го признаат македонското малцинство


Европската слободна алијанса ЕФА усвои деновиве Декларација во Брисел со која ја повикува Европската унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички […]

Ретроспективна изложба на академик Васко Ташковски в четврток во Даут пашин амам


Националната галерија на Република Северна Македонија ја најавува ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Изложбата ќе биде отворена в четврток, во 20 часот во објектот Даут-пашин амам и ќе бидат претставени слики, […]

Весковски: Ја сфативме пораката, треба да ги зацврстиме редовите


Имаме два различни концепти. Еден којшто нѐ сплоти да протестираме и да демонстрираме против урбанизацијата, бетонизацијата. Имаме проевропски концепт, наспроти нешто што имаме веќе видено во три наврати, изјави за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ. Тој во вториот круг ќе се бори со Стевчо Јакимовски од […]

Колку вредат 1.000 фунти низ целиот свет


Некои земји честопати се сметаат за поскапи или попристапни од другите. Но, каде во светот навистина е најприфатливо, и каде може да се издржи најдолго со одредена сума пари? Во сегашните околности, исклучително е важно да се осигурате дека парите на вашата тековна сметка можат да траат колку што е можно подалеку. Експертите за лични […]

Во Хрватска нови 1.741 заразени, починаа 21 пациент


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.741 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 9.894. Од нив, 947 пациенти се лекуваат во болница, од кои 128 на респиратор. Починаа 21 пациент. Според хрватските медиуми, пред една недела, имале 1.007 новзаболени, а пред две седмици 1.074 нови случаи.

Џони Деп доаѓа во Белград за промоција на анимирана серија- ќе се сретне и со Вучиќ


Србија– Холивудскиот актер Џони Деп (58) денеска доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студиос“. За време на престојот, српските медиуми информираат дека тој ќе се сретне и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во […]

Со искуства и поддршка од Шведска, до зголемена употреба на статистичките податоци


Подобрување на ефикасноста на процесот, опсегот и квалитетот на статистичкото производство, како и на комуникацијата и координирањето на националниот статистички систем и управувањето со човекови ресурси, е целта на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој Државниот завод за статистика работи со Шведскиот завод за статистика. […]

Вкупно аплицирани 1.563.990 дози вакцини, ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани. Како што информираат од Министерството за здравство, 54 отсто од […]

Захара го „позајми“ фустанот на мама Џоли од Оскарите за премиерата на „Eternals“


САД- Захара Џоли-Пит го добива чувството за стил од мама Анџелина Џоли! Џоли позираше со петте нејзини деца-16-годишната Захара, како и Медокс (20), Шило, 15 и близнаците Вивиен и Нокс (13)-на црвениот килим за премиерата на „Eternals“ на Марвел во Лос Анџелес. За таа прилика, Захара носеше фустан директно од плакарот на нејзината мајка. Тинејџерката […]

До петок стабилно и топло, викендов со дожд и пониски температури


До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено в четврток. Од УХМР најавуваат дека за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Во Словенија секој трет тест е позитивен на Ковид-19


Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.669 новозаразени со корона вирусот, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови, а според стручните лица толкав број позитивни тестови е исклучително загрижувачки. Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат. Причината за повторното ширење на […]