Захара го „позајми“ фустанот на мама Џоли од Оскарите за премиерата на „Eternals“


САД- Захара Џоли-Пит го добива чувството за стил од мама Анџелина Џоли!

Џоли позираше со петте нејзини деца-16-годишната Захара, како и Медокс (20), Шило, 15 и близнаците Вивиен и Нокс (13)-на црвениот килим за премиерата на „Eternals“ на Марвел во Лос Анџелес.

За таа прилика, Захара носеше фустан директно од плакарот на нејзината мајка. Тинејџерката го облече фустанот на Џоли од Оскарите во 2014 година- светкав фустан во боја на шампањско од Ели Сааб.

Целото семејство беше со неутрален изглед на црвениот килим. Воли носеше кафеав фустан обвиткан околу телото, додека Шајло и Вивиен се совпаѓаа со слични земјени тонови. Медокс и Нокс се одлучија за црни костуми.

“Сите мои деца се помешани со винтиџ облека, и во мојот стар фустан за Оскарите. Сите ние направивме винтиџ избор и ги ставивме старите работи во оптимизам”, изјави Џоли за ЕТ на црвениот килим.