Весковски: Ја сфативме пораката, треба да ги зацврстиме редовите


Имаме два различни концепти. Еден којшто нѐ сплоти да протестираме и да демонстрираме против урбанизацијата, бетонизацијата. Имаме проевропски концепт, наспроти нешто што имаме веќе видено во три наврати, изјави за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ. Тој во вториот круг ќе се бори со Стевчо Јакимовски од Гром.

„Треба да си ги зацврстиме своите редови, ја сфативме пораката на народот, во текот на вчерашниот ден ги направивме анализите за тоа каде потфрливме и каде треба да реагираме“, вели тој.

„Мислам дека имаме јасен концепт за Карпош и мислам дека сме во можност да мобилизираме и поголем број граѓани во вториот круг“, рече Весковски.