Изградбата на пругата кон Бугарија ќе продолжи во првиот квартал следната година


Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски очекува постапката за избор на изведувач на првите две фази од пругата со Бугарија да заврши до крај на годинава, а градбата да стартува во првиот кравтал следната година. -Северна Македонија е силно посветена на евроинтеграцискиот процес и на интегрирање на транспортните системи со земјите од регионот и […]

Октомвриските пензии ќе бидат достапни од 26 овој месец


Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските […]

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти


Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на […]

Бројките во Србија сѐ полоши и полоши – 7.664 нови случаи и 57 починати


  Четвртиот бран на пандемијата во Србија не само што не стивнува, туку како да зема и нов замав. Во последните 24 часа официјално се регистрирани 7.664 лица позитивни на корона вирусот од 25.339 тестирани, што изнесува 30 проценти од примероците. Починале 57 лица, со што бројот на жртвите се искачи на 9.214.   Хоспитализирано […]

Ограбена аптека во Кисела Вода


Дневниот промет бил украден од аптека на територијата на Општина Кисела Вода во Скопје, стои во полицискиот билтен. Имено, во понеделникот, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Мицкоски повика на создавање здружена опозиција


 Коалицијата „За обнова на Македонија“ на гласањето за советничките листи освои 55 илјади гласови повеќе од СДСМ и коалицијата, што претставува убедлива победа и јасна порака до власта, но и голема одговорност за опозицијата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој повика на обединување на целата опозиција во вториот круг, затоа што, како што […]

Расходите од Буџетот сметководствено ќе се евидентираат кога настануваат, а не кога се плаќаат


До крајот на 2022 година ќе се спроведе реформа во буџетското сметководство и од готовинско ќе се премине на пресметковно начело, најави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на ИПСАС обуката за сметковители во јавниот сектор организирана од страна на Центарот за извонредност на финансиите што денеска се одржа во Охрид. – Согласно „модифицирано пресметковно начело“ […]

Заев испрати писмо до членството и бара поголема мобилизација


Лидерот на СДСМ бара од членовите на партијата сите да излезат на терен во деновите пред вториот круг и да покажат дека ја разбрале пораката на граѓаните   За да ги зголеми шансите на кандидатите на СДСМ во вториот круг на изборите лидерот на партијата Зоран Заев, испрати писмо до членството во кое го повикува […]

Вакцинираните со „Синовак“ и „Синофарм“ трета доза може да примаат три месеци по ревакцина


Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација, соопшти Министерството за здравство. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот „Фајзер“, а вакцинацијата е без закажан термин […]

НАСА: „Луси“ има проблеми


Американската вселенска агенција НАСА лансираше ново летало викендов. Роботското вселенско летало наречено „Луси“ беше испратено во вселената за да ги истражи астероидите околу Јупитер, но беа откриени проблеми со еден од двата главни сончеви панели, кои се клучни за собирање сончева светлина и генерирање енергија за 12-годишното патување низ Сончевиот Систем. „Луси“ полета во саботата, […]

ЕК: Косово има мал напредок во многу области


Франција – Косово треба конструктивно да се ангажира и да направи други значителни напори во „спроведување на сите договори од минатото“ постигнати во рамките на Дијалогот со Србија и да придонесе за постигнување сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализација на односите со Србија, се наведува во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Косово, јави дописникот […]

Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир, а лекот сотровимаб веќе е во упoтреба


Србија– Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурувањена Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ денеска изјави дека 50.000 лекови против Ковид-19 Молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек Сотровимаб, што  почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари, јави дописникот на МИА од […]

Скопје, Софија и Тирана се договорија Коридорот 8 да биде готов до 2030 година


Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балаку, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8. По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено […]

За една недела од корона вирус починале 26 вакцинирани лица, најголем број вакцинирани со „синофарм“


Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 26 пациенти биле вакцинирани, а само еден од починатите немал хронично заболување и имал 80 години, информира Министерството за здравство. Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината […]

Аеродромот во Виена гради огромна сончева електрана


Австрија – Најголемата сончева електрана во Австрија се гради кај аеродромот во Виена. Осум сончеви централи ќе произведуваат речиси третина од годишната потрошувачка на енергија на аеродромот, што е еднакво на потрошувачката на 7.000 домаќинства. Австрија цели да покрие 100 отсто од потребите, со обновлива енергија, до 2030 година. Иако авијацијата – со 2,7 отсто, предизвикува […]

(Во живо) Шилегов подаде рака до сите што мислат дека Скопје мора да се развива


Во 12-те кандидати за градоначалници на Скопје за првиот круг од локалните избори, актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, виде слични развојни проекти, па им порачува на граѓаните да гласаат за него во вториот круг, за да го заври она што го почнал. – Од денес, започнува процесот на окрупнување на мојата […]

Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање и за резултатите


До Државната изборна комисија (ДИК) досега ниту еден подносител на листа на кандидати за Локалните избори нема поднесено приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето. Според информациите од ДИК, од поднесените приговори за заштита на лично избирачко право, на денот на изборите прифатени се 217. Приговорот […]

Неважечки 60.773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг


Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас. Според податоците објавени од Државната изборна […]

ЕК: Парламентот е поларизиран, власта ја гони високата корупција


Европската комисија, во најновиот извештај за Македонија што денес ќе го објави еврокомесарот Оливер Вархеји, оценува дека парламентарната работа изминатата година била отежната поради политичката поларизација во законодавното тело и дека борбата против високата корупција започнала, но се потребни уште напори.  Во однос на политичките критериуми, се наведува дека Македонија ги продолжила своите напори за […]

Франција ја разгледува можноста за воведување ваучери за бензин за домаќинствата со ниски примања


Француските министри денеска предложија воведување ваучери за бензин за домаќинствата со ниски примања, додека Владата на претседателот Емануел Макрон се обидува да ја ограничи економската штета од скокот на цените на енергијата и горивото шест месеци пред претседателските избори. Владата размислува за ограничување на цената на гасот и електричната енергија и како да им помогне […]