Филмот „Четири кралеви“ во Кинотека на Северна Македонија


Во Кинотека на Северна Македонија, денеска ќе биде прикажан  првиот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“ – четири кралеви на режисерката Тереза фон Елц. Главни ликови во филмот се четворица млади, Алекс, Лара, Федја и Тимо. Една млада девојка влече Новогодишна елка сама низ зимските улици. АЛЕКС (16) сака да ѝ го направи Божиќ на својата мајка […]

Претежно сончево, со температура до 22 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 степени, информираат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Минималната […]

Рекорден број починати во Романија за еден ден – 574


Ситуацијата со пандемијата на ковид се  влошува од ден на ден во Романија. Во последните 24 часа починаа дури 574 лица, рекорден број досега, соопшти Ројтерс. Здравствените власти соопштија и дека има рекорден број заразени во еден ден – 18.863 души. На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 1.800 лица.

Се запали авион во Тексас, сите патници преживеаја


Авион со 21 патник и членови на екипажот се запали денеска при полетување во близина на аеродромот во Брукшир во американската сојузна држава Тексас, при што сите преживеаја, а повредено е само едно лице. Аеродромот во Брукшир се наоѓа во близина на градот Хјустон. Авионот „Мекдонел Даглас МД-87“ утрово ја премина оградата додека се обидуваше […]

Унгарија предупредува на зголемена миграција преку Западен Балкан


– Бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во ЕУ преку Западен Балкан се зголемува и оваа година надмина 82.000, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи, цитирајќи го министерот Петер Сијарто на конференцијата за миграции во Виена. Според соопштението на Министерството, секојдневно се евидентираат обиди за илегално преминување на границата во Унгарија, […]

Селин Дион ги одложи концертите во Лас Вегас заради здраствени проблеми


САД- Селин Дион (53) го одложува отворањето на своето ново шоу во Лас Вегас поради медицински проблеми. Легендарната пејачка  „доживува тешки и упорни грчеви во мускулите што ја спречуваат да настапи“, се вели во соопштението за печатот. „Нејзиниот медицински тим продолжува да ја проценува и третира. Сепак, симптомите што ги доживува и забрануваат да учествува […]

Утврден идентитетот и староста на починатиот и повредените во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово


Жител на Тетово на 45 годишна возраст, со иницијали Ф.Р, е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово. – На местото на несреќата животот го […]

Зендаја е најмладата ѕвезда прогласена за „модна икона“


САД- Актерката Зендаја Колман остави свој печат во светот на модата со нејзината  фигура како манекенка и талент за облека од висока класа. Без разлика дали е целосно посветено на изгледот низ косата и шминката, или оддавање почит на великаните со пресоздавање на нивниот изглед, 25-годишната наградувана актерка е позната по тоа што предизвикува внимание […]

Клиниката за инфективни болести демантира дека во модуларната болница се случила хаварија


Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со електричната енергија поради прокиснување на покривот. Како што истакнаа оттаму, во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во […]

Се очекува САД да го одобрат мешањето на вакцините за засилувачката доза


САД – Оваа недела се очекува американските регулатори да одобрат мешање на вакцините против ковид за засилувачка доза, во обид да обезбедат флексибилност за оние кои сакаат да ја задржат заштитата од коронавирусот.   Соопштението на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) најверојатно ќе биде издадено истовремено кога ќе се даде одобрение за засилувачка доза на […]

ФБИ ја опколи куќата на рускиот олигарх Олег Дерипаска


САД– Агентите на Федералното истражно биро (ФБИ) ја опколија куќата на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Вашингтон. Тоа го напиша новинар на Си Ен Би Си, повикувајќи се на портпарол на американската агенција. Репортерот Том Винтер напиша на Твитер дека федерални агенти се наоѓаат пред куќата на Олег Дерипаска, а пристапот до објектот е блокиран. […]

Нови 472 случаи на Ковид-19, вкупно 14 починати 


Во последните 24 часа, регистрирани се 472 нови случаи на САРС-КоВ-2 од направени 3.431 тестирање, пријавени се вкупно 14 починати лица – осум во последното деноноќие и шест преку системот „Мој термин“ од 18 септември до 12 октомври 2021. Евидентирани се и 498 пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за […]

Салма Хајек ја покажа ќерката Валентина на премиерата на Eternals: Јас сум суперхеројка


САД- Актерката од хит-серијата на „Марвел-„Етерналс“ ја покани својата ќерка тинејџерка, Валентина Палома Пино, да се појави на црвениот килим со неа и со остатокот од актерската екипа-вклучувајќи ги Анџелина Џоли, Џема Чен и Лорен Ридлоф- на многу очекуваната светска премиера во Лос Анџелес. 14-годишната Валентина очигледно го наследи чувството за стил на нејзината мајка. […]

Проекција на дигитално реставрираната верзија на „Пеколот“ во Кинотека


Дигитално реставрирана верзија на италијанскиот нем филм „Пеколот“, снимен во 1911 година според епот на Данте, ќе биде прикажана вечерва, во 20 часот,  во Кинотеката на РСМ. „Пеколот“ е редок бисер на филмските архиви и се смета за прв долгометражен игран филм во светската кинематографија. Филмот е снимен според „Пеколот“, првиот дел од епот „Божествена […]

Едно лице го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово


Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.  Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило […]

„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари приход од продажба на вакцини во 2021 година


Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон и Џонсон“ денеска ја зголеми годишната прогноза за профитот и потврди дека очекува 2,5 милијарди американски долари приход од продажбата на вакцината против Ковид-19. На почетокот од годинава, „Џонсон и Џонсон“ се соочи со проблеми во производството на вакцини во фабриката во Балтимор и беше принуден да уништи милиони дози, да […]

Вучиќ со Џони Деп, кој ќе биде одликуван со орден за заслуги


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со холивудската ѕвезда Џони Деп, кој денеска пристигна во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Деп доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС). – Продукцијата […]

Бугарија од четврток воведува ковид сертификати за влез на јавни места


Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, најави дека од четврток, 21 октомври, во земјата ќе се воведат нови антиепидемиолошки правила во борбата против епидемијата на коронавирусот. За сите собири со луѓе во затворен простор ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен ПЦР тест. Како што јави дописникот на МИА од […]

ОЕЦД: Пандемиските долгови ќе ги надминат долгорочните трошоци за здравство и пензии


Трошоците за отплата на долговите акумулирани во пандемиската криза ќе бидат занемарливи во споредба со оние што ги носат долгорочните трендови како што се финансирање пензии и здравствени услуги во услови на стареење на населението, предупреди ОЕЦД. Во пандемијата на Ковид-19, државите натрупаа огромни долгови за да им помогнат на граѓаните и компаниите да ја […]

Вархеји: До крајот на годината мора да испорачаме преговори со Македонија


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, при презентацијата на извештаите за земјите од Западен Балкан во Европскиот парламент, порача дека Европската комисија дала предлози за Западен Балкан , вклучувајќи и почеток на преговорите со Македонија, но за жал земјите членки тоа не го испорачаа. Затоа, тој ги повика европарламентарците да влијаат на нивните земји да овозможат […]