Рекорден број починати во Романија за еден ден – 574


Ситуацијата со пандемијата на ковид се  влошува од ден на ден во Романија. Во последните 24 часа починаа дури 574 лица, рекорден број досега, соопшти Ројтерс.

Здравствените власти соопштија и дека има рекорден број заразени во еден ден – 18.863 души.

На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 1.800 лица.