На возраст од 101 година почина поранешниот функционер на СФРЈ Бранко Мамула


Еден од најважните воено-политички лидери на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, пензионираниот адмирал на флотата на Југословенската морнарица, Бранко Мамула, почина синоќа на 101-годишна возраст во Тиват. Мамула беше една од најистакнатите личности кои учествуваа во формирањето и развојот на таа федерација, од Втората светска војна до крвавиот распад на СФРЈ во граѓанските војни во […]

Момче на 16-годишна возраст почина во домашна изолација во Србија


Ученик (16) во Хемиско-технолошкото училиште од Крушевац, почина вчера во домашна изолација. Како што раскажа неговата мајка за „Новости“, тој бил тестиран и бил позитивен на корона. Во семејството, позитивен на Ковид-19 бил и неговиот татко. Повеќе податоци се очекуваат денеска. Според последните податоци на Заводот за јавно здравје Крушевац, од почетокот на училишната година, […]

Студија: Пушачите во поголем ризик од тешки последици од корона вирусот


Веројатноста дека пушачите ќе завршат во болница поради последици од Ковид-19 е 80 проценти поголема отколку кај непушачите, а веројатноста дека ќе починат од последиците од таа болест во однос на непушачите е значително поголема, покажа истражување спроведено под водство на научници од Оксфорд. Во студијата учествувале 412.469 луѓе. Меѓу нив, 1.649 луѓе биле позитивни […]

Од Грција за Португалија заминаа 48 бегалци


Од атинскиот аеродром, за Португалија, заминаа 43 Авганистанци, признаени бегалци и баратели на азил, во рамките на билатералниот договор меѓу двете земји за релокација на 1.000 бегалци, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека со заминувањето на групата, заврши пилотската фаза од програмата и веќе се […]

„Верџ“: Фејсбук ќе добие ново име


 Фејсбук планира да го промени своето трговско име следната недела, објави блогот „Верџ“ на „Вокс медија“, повикувајќи се на „добро информиран извор“. Целта, наводно, е сосредоточеност на концептот на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг. Цукерберг, наводно, планира да говори за промената на името, на годинешната конференција на компанијата на 28 октомври, но веста може […]

Арсовска планира Кисела Вода подобро да ја поврзе со Аеродром


Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, продолжи со теренските активности за  вториот круг, а синоќа имаше средба со граѓани од Кисела Вода.   За жителите од оваа населба во моментов приоритетно е решавањето на проблемот со неконтролирано градење, затоа што на овој начин им е загрозен животниот простор, се намалува зеленилото, а се намалуваат […]

Данска ги продолжи граничните контроли за шест месеци


Данска ќе продолжи да врши гранични контроли во наредните месеци, јави ДПА. Данската влада минатата недела ја извести еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон дека привремената гранична контрола ќе биде продолжена за шест месеци до 11 мај следната година, се вели во писмото на министерот за правда Ник Хекеруп. Причината е постојаната опасност од исламистичките […]

Дојче веле: И Германија во ценовен шок, до кога ќе поскапуваат горивата


Цените на бензинот и дизелот силно ги погодија Германците во паричникот. Според автомобилскиот клуб АДАК, дизелот во Германија достигна историска рекордна цена од 1,55 евра за литар. Цената на бензинот исто така се индексира до историски рекорд. Еден литар Супер на крајот на неделата чинеше 1,67 евра, а највисоката вредност беше постигната во август 2012 […]

Кралицата одби награда за стари – не ги исполнувала критериумите


 Британската кралица Елизабета Втора ја отфрли наградата што британското списание „Олди“ им ја доделува на постари лица. Таа оценила дека не ги исполнува условите. Гласилото, кое се опишува себеси како „лесна алтернатива“ на печатот „опседнато со младоста и славата“, откри дека на Бакингемската палата, т.е. на 95-годишната кралица ѝ ја предложило својата награда „Стара личност […]

Болсонаро треба да биде обвинет за убиство поради начинот на кој се справи со пандемијата


Бразилскиот сенатор Ренан Калеирос, кој водеше парламентарна истрага за начинот на кој најнаселената земја во Јужна Америка се справи со пандемијата на коронавирус, тврди дека претседателот Жаир Болсонаро треба да биде обвинет за убиство поради грешки што резултираа со илјадници смртни случаи. Во извештајот се вели дека Болсонаро е одговорен за владините грешки направени за време на пандемијата на […]

Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците


Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против корона вирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември, изјави спикерот Ентони Рота. – Правилото стапува во сила во понеделник на 22 ноември 2021 година. Луѓето мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 за да им биде дозволен влез во Долниот дом, рече тој. Новото барање ќе се однесува […]

Утрово регистриран земјотрес во Охрид


Рано утрово, во 3,26 часот, е регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степени според Европската макроисеизмичка скала во близина на Охрид. Епицентарот на земјотресот бил на 2 километри североисточно од центарот на Охрид и на длабочина од 0,4 километри. Земјотресот е почувствуван во Струга и во другите градови во Охрискиот регион.

САД: Одбор поддржа Бенон да се обвини за непочитување на Конгресот


Одбор на Претставничкиот дом на САД, што го истражува упадот во Капитол на 6 јануари, едногласно ги поддржа обвинувањата против поранешниот советник во Белата куќа, Стив Бенон, за непочитување на Конгресот. Бенон претходно беше повикан да сведочи, но тој одби, што Одборот го оцени во својата одлука како – шокантно. Одлуката на Одборот отвора пат […]

Почнува скрининг на учениците за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје


Од денеска почнува скрининг на ученици за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство. Тестирањето на учениците, како што се […]

Американски работници се соочени со откази ако не се вакцинираат против Ковид-19


На илјадници невакцинирани работници низ САД им се заканува отказ бидејќи се повеќе држави, градови и приватни компании почнуваат да воведуваат задолжителна вакцинација против Ковид-19. Државниот универзитет во Вашингтон го отпушти својот главен фудбалски тренер и четворица негови помошници затоа што не ги исполниле условите наметнати од универзитетот во врска со Ковид-19. Тренерот Ник Ролович […]

Фејсбук ќе плати 14 милиони долари за дискриминација на Американци


Фејсбук се согласи да плати 14,24 милиони долари за да го запре гонењето на американските власти кои го обвинуваат за доделување на некои добро платени работни места на странски државјани, на штета на американските граѓани и жителите со дозвола за постојан престој (зелена карта). Американското Министерство за правда поднесе тужба кон крајот на 2020 година, тврдејќи дека социјалната […]

Најмала излезност на локалните избори од независноста на државата, Заев и Мицкоски повикуваат на мобилизација пред вториот круг


Пред вториот круг на локалните избори што треба да се одржат на 31 октомври, претседателот на СДСМ Зоран Заев со писмо до членството апелира за мобилизација и обединување, а лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на здружена опозиција. СДСМ во вториот круг има вкупно 32 кандидати во општините и Град Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ има […]

Почнува јубилејното 40. издание на Скопје џез фестивал


Од денеска до 24 октомври во Националната опера и балет и Кино Фросина ќе се одржи 40-тото издание на Скопје џез фестивал. На фестивалот ќе настапат 11 изведувачи од Северна Македонија, Европа, Куба и САД. -Фестивалот вечер ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од […]

„Младински климатски самит“ во Скопје


„Младински климатски самит“ ќе се одржи денеска во Кино Фросина во Младински културен центар. Целта на самитот е отворање дијалог меѓу младите и претставниците од националните институции на теми поврзани со климатската акција. По глобалните конференции „Youth4Climate – Driving ambition” во Милано и пред 26-та Конференција на ОН за климатски промени во Глазгов, УНИЦЕФ, заедно […]

Изложба на дела од Пабло Пикасо во Домот на култура во Ѓорче Петров


Изложба на Пабло Пикасо, керамики, цртежи, и графики од колекцијата на ОСТЕН, ќе биде поставена во Домот на култура во Ѓорче Петров. Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои осум цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на […]