Момче на 16-годишна возраст почина во домашна изолација во Србија


Ученик (16) во Хемиско-технолошкото училиште од Крушевац, почина вчера во домашна изолација. Како што раскажа неговата мајка за „Новости“, тој бил тестиран и бил позитивен на корона.

Во семејството, позитивен на Ковид-19 бил и неговиот татко. Повеќе податоци се очекуваат денеска.

Според последните податоци на Заводот за јавно здравје Крушевац, од почетокот на училишната година, во Расинскиот округ, каде настава посетуваат 24.000 ученици, кај 696 ученици е регистриран корона вирусот како и кај 122 наставници.