Зендаја е најмладата ѕвезда прогласена за „модна икона“


САД- Актерката Зендаја Колман остави свој печат во светот на модата со нејзината  фигура како манекенка и талент за облека од висока класа. Без разлика дали е целосно посветено на изгледот низ косата и шминката, или оддавање почит на великаните со пресоздавање на нивниот изглед, 25-годишната наградувана актерка е позната по тоа што предизвикува внимание секој пат кога ќе се појави на црвениот килим или на гала настан.

Нејзината љубовна врска со стилот не е изгубена во јавноста. На 10 -ти ноември, Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) ќе ѝ додели награда за модна икона и со то тоа ќе биде најмладата личност што некогаш била наградена. Претходни добитници на наградата се Ријана, Бијонсе, Џенифер Лопез, Принс и Фарел Вилијамс.

Како да дополнително ја зацврсти причината за престижната награда, Колман се појави на синоќешната лондонска премиера на Dune, ( партнер во филмот и е Тимоти Шаламе) облечена во фустан на Рик Овенс со еден ракав. Подоцна таа се појави на забавата во необичен кафеав фустан од Ненси Дојака.