Бројките во Србија сѐ полоши и полоши – 7.664 нови случаи и 57 починати


 
Четвртиот бран на пандемијата во Србија не само што не стивнува, туку како да зема и нов замав. Во последните 24 часа официјално се регистрирани 7.664 лица позитивни на корона вирусот од 25.339 тестирани, што изнесува 30 проценти од примероците.
Починале 57 лица, со што бројот на жртвите се искачи на 9.214.
 
Хоспитализирано се 6.679 пациенти, од кои 274 на респиратори. Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 1,062 милиони инфекции.