Шведска го продолжи прекинот за употреба на вакцината на Модерна кај младите


Шведска – Шведска ја продолжи паузата за користење на вакцината против Ковид-19 на „Модерна“ кај младите под 30 години, поради ретки несакани ефекти на срцето, објави денеска шведската Агенција за јавно здравје. Агенцијата наведува дека претходно овој месец, откриено е зголемување на бројот на случаи на миокардитис и перикардитис кај млади луѓе и млади возрасни лица […]

Русија ја идентификуваше новата варијанта на коронавирусот, која е позаразна од Делта


Русија – Русија пријави случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е позаразна од Делта поради рекордното зголемување на бројот на заразени и починати. Тоа ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни санитарни мерки, пренесува Радио Слободна Европа.   Можно е варијантата AY.4.2 да биде широко проширена, изјави денеска […]

За пет дена во октомври во Тетово освоени се над три милиони денари


Во октомври, за само пет дена, во Тетово, освоени се повеќе од три милиони денари во категоријата на „Милионер џекпот“ добивките, информира Државната Видеолотарија на Македонија. Првиот џекпот, Државната Видеолотарија го регистрира на 15 октомври, во износ од 1.718.893 денари во Тетово. На 20 октомври добивката кај видеолотариските терминали е регистриран во износ од 1.582.574 […]

Нови 490 случаи на Ковид-19, починати 11 лица


Нови 490 случаи на Ковид -19 од направени 3.073 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Речиси половина од нив се во Скопје.   Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, во Скопје има нови 223 случаи, во Куманово 38, Прилеп 33, Велес 32, Штип 24, Битола 20, Кавадарци 19, Охрид 17, Крива Паланка […]

Били Ајлиш го лансира првиот парфем, мириса на Божик


САД-  Поп-ѕвздата Били Ајлиш имаше неверојатна година, од издавање на неверојатен нов албум, со насловната тема на новиот Бонд филм „Не е време за умирање“ до зашеметување на сите на црвениот тепих на Мет Гала. Сега, Ајлиш го започнува својот прв потфат во светот на убавината. Нејзиниот прв мирис, наречен Eilish, ќе биде лансиран во […]

СЗО: Ковид-19 досега предизвика смрт на 80.000 до 180.000 здравствени работници во светот


Светската здравствена организација денеска соопшти дека 80.000 до 180.000 здравствени работници во светот можеби умреа од Ковид-19 до мај годинава, инсистирајќи на тоа дека тие треба да бидат приоритетно вакцинирани. „Новиот работен документ на СЗО проценува дека меѓу 80.000 и 180.000 здравствени работници и вработени во старечките домови можеби умреле од Ковид-19 меѓу јануари 2020 […]

ЕМА нема да ја одобри вакцината Спутник В оваа година


Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе донесе одлука за одобрување на Спутник В, руска вакцина против коронавирусот, најрано во првиот квартал од 2022 година, бидејќи се уште нема доволно податоци, изјави денеска извор кој е запознаен со тоа прашање.   – Одлуката на ЕМА до крајот на годината сега е целосно невозможна, истакна изворот. Доколку […]

Поплаки и пријави за администрацијата преку Националниот портал за е-услуги 


Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски објави дека граѓаните ќе можат да пријават проблеми поврзани со постапките за добивање услуги од јавната администрација преку Националниот портал за е-услуги. – Во рамки на Националниот портал за е-услуги, граѓаните ќе можат да пријават проблеми поврзани со постапките за добивање услуги од јавната администрација. Преку Електронскиот систем […]

Кој нема две дози од вакцината не може на Австралија опен. Што ќе прави Ѓоковиќ?


Новак Ѓоковиќ и другите тениски ѕвезди нема да добијат посебни исклучоци да влезат во Австралија доколку не се вакцинирани или ако не го откријат статусот на вакцинација, изјави федералниот министер за имиграција. На прашањето на радиото АБЦ во средата наутро дали има порака за Ѓоковиќ, Алекс Хоук повтори дека секој што ќе влезе во земјата […]

СДСМ: Зошто Данела не се возеше со двокатните автобуси на Коце?


Зошто Данела Арсовска денес не се возеше во двокатните дизел автобуси што ги набави нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, туку во автобуси од фабриката „МАН“, какви што набави Петре Шилегов?- прашуваат од СДСМ, откако кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник одржа прес конференција во приватен градски автобус и порача дека – за помалку од три месеци ќе го […]

НБ: Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите


Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, објави Народната банка. На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти. Според податоците што ги објави централната банка, забележано […]

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија


Правниот тим на Европскиот парламент ќе подготви тужба против Европската комисија поради „пропустот“ да ги казни земјите кои го „кршат“ владеењето на правото. Во соопштението објавено вчера, Парламентот наведува дека Комисијата требала да го искористи таканаречениот механизам за условување, ново тело кое и дава овластување на ЕУ да ги суспендира буџетските плаќања на земјите за […]

Филипче: Почна постапката за набавка на сензори за дијабетес, во првата фаза за деца до 18 години


Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 – годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме. Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство ми беа гости на работа. Лично сакав да и соопштам дека денеска започна постапката за набавка на сензори за дијабет кои за прв […]

Самит на ЕУ за Полска и цените на енергијата


Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ пристигнаа во Брисел, самиот треба да започне во наредните минути. Пред да влезат на седница, лидерите ги најавија своите позиции, јави дописничката на МИА од Брисел. Октомврискиот самит ќе трае два дена. Првиот ден ќе биде посветен на кризата со одлуката на Уставниот суд во Полска како и […]

Хрватската академија бара да се услови влезот на Србија во ЕУ со признавање на хрватскиот јазик


Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) и предложи на владата како еден од условите за пристапување на Србија во ЕУ, да побара од владата во Белград „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик“ како посебен и независен стандарден јазик и еден од официјалните јазици на ЕУ, соопшти Хина, а пренесе белградски ФоНет, повикувајќи […]

Мицкоски и Села кројат планови за ново парламентарно мнозинство


Претседеталот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Според соопштението што го испрати Алијансата, нивната средба бил во Собранието. Се наведува дека Села и Мицкоски ја потврдиле заемната поддршка во вториот круг за општините за кои имале договор за првиот круг. „Ве известуваме дека коалицијата меѓу Алијанса […]

Најсиромашните земји добија само 14 отсто од ветените вакцини против Ковид-19


Во анализата „Доза на реалноста: Како богатите земји и фармацевтските компании ги кршат ветувањата за вакцините“ на Сојузот за народни вакцини се наведува дека до најсиромашните држави доставени се 261 милиони вакцини против Ковид-19, што е само 14 проценти од 1,8 милијарди дози, колку што ветија богатите земји. – Речиси една година од кога вакцината […]

Речиси 200 загинати во Индија и Непал во поплави и лизгање на земјиштето


Речиси двесте луѓе загинаа по неколкудневните големи поплави и катастрофални свлечишта во Индија и Непал, кои затрупаа цели семејства во нивните домови, објавија властите денеска, а метеоролошките агенции предвидуваат нови обилни дождови.   Официјалните бројки денеска покажуваат 88 смртни случаи во Непал и 102 во Индија.   Сите непредвидливи и екстремни временски услови кои деновиве […]

Покренато обвинение против лицето кое минатиот петок со нож уби британски пратеник во црква


Британското обвинителство поднесе обвинение против 25-годишниот Али Харби Али, Британец со сомалиско потекло, кој минатиот петок за време на средба во црква во близина на Лондон уби британски пратеник. Би-Би-Си пренесува дека Али е обвинет за убиство и заговор за терористички напад. Тој претходно не им бил познат на безбедносните служби, а неговиот татко бил […]

Бугарија: ГЕРБ во сигурно водство, покажа анкетата на „Галуп“


Бугарија се движи кон уште еден состав на парлементот во кој тешко ќе биде избрана влада поради речиси истиот распоред на партиите кои се обележани како оние за статус-кво и другите за промена. Тоа го покажува новата анкета  на „Галуп“ објавена денеска. Според неа, 22,5 отсто од гласачите би гласале за ГЕРБ, а 15,1% за […]