Москва се затвора на една недела по рекордните бројки на починати


Московските власти објавија еднонеделно затворање на повеќето несуштински услуги од 28 октомври, бидејќи Русија го регистрираше својот најголем дневен број смртни случаи и инфекции од коронавирус од почетокот на пандемијата. „Ситуацијата во Москва продолжува да се развива во најлошото сценарио… Во наредните денови ќе достигнеме историски врв во битката со корона вирусот“, рече градоначалникот на […]

Понуди има, но не и доволно јаглен за РЕК „Битола“, ЕСМ најави нов тендер


Девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа. Генералниот директор на АД ЕСМ, […]

Државните архиви на Македонија и Италија ќе соработуваат следните четири години


Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, и генералната директорка на Генералниот директорат на архивите на Италија, Ана Мариа Буѕи, во Рим потпишаа четиригодишен Договор за соработка меѓу овие две институции. Со Договорот, кој се темели врз Меѓународниот етички кодекс на архивистите, усвоен во Пекинг во 1996 година од страна на Меѓународниот архивски совет, е опфатено […]

Тениската ѕвезда Ема Радукану е ново лице на „Диор“


Англија – Младата британска тениска ѕвезда Ема Радукану стана ново заштитно лице на модната компанија „Диор“, нешто повеќе од еден месец по победата на „Ју-ес опен“. Тинејџерката ќе ја претставува колекцијата женска облека на француската луксузна модна куќа, како и козметички линии. Taa e , исто така, е заштитно лице на златарницата „Тифани“. Ема беше присутна на […]

Во Србија нема веќе слободни кревети за нови пациенти со ковид


Драматично предупредување на епидемиологот Предраг Кон. Ситуацијата е „многу, многу лоша“ вели тој   Српскиот епидемиолог Предраг Кон рече дека го поздравува воведувањето на ковид пропусници, но наведе дека тие требаше да се воведат порано и дека е „незадоволен и тажен затоа што не мисли дека тоа ќе биде доволно“, и дека медицинскиот дел од […]

ССМ: Зголемување на платите, во спротивно осиромашување на работникот


Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните.   – Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти […]

Шилегов покажа документи за имотот и данокот


Со документи, кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска одговори на прозивките од опозицијата, дека тој не го пријавил целиот свој имот и дека за него не платил данок. „Таа кампања господине Мицкоски и госпоѓо Арсовска е под секое цивилизирано ниво. Тоа што го правите е една од најлошите карактеристики на политичарите. Кога […]

Не чека непредвидлива зима , со големи температурни промени


Бурна зима и можност за поплави го очекуваат Балканот, вели новата анализа на AccuWeather, чии метеоролози ги проучувале поларните бури и струи кои ќе надвиснат над Европа. Најлошите невремиња ќе бидат во Шпанија и јужна Франција, а зимата ќе наликува на онаа лани – непредвилдива и со големи температурни промени.  Целата влага во Европа, всушност ќе биде […]

Триесет и петмина Авганистанци кои привремено престојуваа во земјава заминаа за Грција


Од Влада денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Северна Македонија, денеска заминале за Грција каде им е обезбедено трајно прибежиште. – Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна […]

Комисијата за заразни болести ќе дискутира за мерката за неопходност да се примат две дози вакцини против Ковид-19


На следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде дискутирана оваа мерка за неопходност од тоа да се има две дози вакцини, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Целта на најавата пред три до четири недели, посочи, беше токму тоа да имаат предвид граѓаните и да имаат време да […]

Првутот говори многу за човековото здравје


Унгарија– Иако првутот обично се сфаќа како мала непријатност и само козметички проблем, имајќи ги предвид различните можни причини, тоа може да ви даде увид во целокупното Ваше здравје. Дерматологот од Унгарија, д-р Ева Мелег идентификува различни видови првут и нивното значење. Следуваат неколку стручни мислења и објаснувања. Големи парчиња – како восок може да претставуваат габична […]

Облекол лудачка кошула и завршил во болница


Џонатан Гудвин, учесник во натпреварот „Америка има таленти“, за малку ќе погинел на проба. Волшебникот и илузионист кој изведува опасни точки во американскиот талент, кои вклучуваат оган и автомобилите на Џонатан Гудвин, заврши во болница по пробата пред шоуто.  Во последното шоу, Гудвин требло да излезе од „лудачката кошула“ додека висел наопаку, а лево и […]

Саудиска Арабија најави уникатен адреналински екстремен парк


Саудиска Арабија– Саудиска Арабија се обидува да ја намали зависноста од нафтата, но тоа не е пречка да ја искористи својата препознатлива индустрија – и за создавање сосем нови туристички атракции… Оваа блискоисточна земја објави планови за претворање на нафтена платформа во адреналински „екстремен парк“ и одморалиште од 150.000 квадратни метри. Овој парк ќе се наоѓа […]

Арсовска се возеше со градски автобус и не ѝ се допадна


На независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, не ѝ се допадна возењето во градски автобус низ улиците на Скопје, поради неизбалансираните шахти и бројните дупки на улиците. „Во 30 минутното возење низ Скопје можевме да приметиме дека непријатно е возењето посебно кога станува збор за дупките по улиците и неизбалансираните шахти, поради кои […]

Алтернатива нема да се приклучи на владејачкото мнозинство


Алтернатива нема намера да се приклучи кон владејачкото мнозинство.За можните предизборни коалиции велат дека се уште не разговарале со раководството во партијата и коалиционите партии. Ова е одговор по вчерашната ТВ дебата во која министерот за земјоделство Аријанит Хоџа каже дека може и да се повлече од министерското место за да влезе Алтернатива во владината […]

Иницијатива за формирање европски единици за брза интервенција


Германија, заедно со уште четири други членки на ЕУ, покрена иницијатива за формирање воени единици за брза интервенција, објавија денеска германските медиуми. Концептот предвидува понатамошен развој на постојната борбена група на ЕУ во единици кои би можеле да интервенираат „брзо и интензивно“ во сите делови на светот. „Неодамнешните настани во Авганистан уште еднаш покажаа дека […]

Морачанин: Ана Петровска сакаше да го дискредитира ДОМ и не успеа


Ние јасно кажавме уште пред почетокот на изборите рековме дека ние не располагаме со гласовите на граѓаните. Гласовите се нивни. Не е наше да повикуваме да гласаат за кого било. Ова нема да ја разниша владината коалиција, вели Маја Морачанин, претседателка на партијата ДОМ, во „Утрински брифинг“. -Ние јасно кажавме дека остануваме дел од владината […]

Соларна бура потврди дека Викинзите ја населиле Северна Америка точно пред 1.000 години


Анализата на дрвото од куќите во Њуфаундленд, Канада, покажува дека населбата на Викинзите била изградена 471 година пред Колумбо     Многу време пред Колумбо да го премине Атлантикот, осум куќи со дрвена рамка покриени со трева стоеја на тераса над тресет и поток на северниот дел на канадскиот остров Њуфаундленд, доказ дека Викинзите први […]

Прекршочни пријави за лажно повикување полиција – казни од 100 до 400 еврa


СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на интервенција од полицијата. За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно […]

Досега ниту едно дете од училиштата не е позитивно на Ковид-19


 Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека верува дека до крајот на неделава ќе се истестираат за Ковид-19 околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат согласностите од родителите. – Се тестираат деца во средните училишта во Скопје и во повеќе основни училишта во повеќе градови. Досега нема стигнат позитивен тест на […]