Облекол лудачка кошула и завршил во болница


Џонатан Гудвин, учесник во натпреварот „Америка има таленти“, за малку ќе погинел на проба.

Волшебникот и илузионист кој изведува опасни точки во американскиот талент, кои вклучуваат оган и автомобилите на Џонатан Гудвин, заврши во болница по пробата пред шоуто. 

Во последното шоу, Гудвин требло да излезе од „лудачката кошула“ додека висел наопаку, а лево и десно од него имало автомобили кои, за одредено време, требало се откачат од куката на која биле закачени, а потоа да удрат во него. 

Трикот е испробан пред шоуто, а Гудвин не се ослободил навреме, поради што автомобилите го удрија, кога безбедносните куки со кои беа заклучени, биле пуштени. 

Натпреварувачот бил свесен, а брзата помош реагирала брзо. Од продукцијата на шоуто за таленти, беше објавено дека тој се уште е во болница, а сега самиот натпреварувач се огласи. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by T H E D A R E D E V I L (@jonathangoodwinofficial)

“Пред неколку дена, мојот живот доби поинаков пресврт. Љубовта што ја добив од луѓе за кои мислев дека не се сеќаваат на мене беше огромна и неверојатна. Ви благодарам на сите што мислеа на мене и ми испратија љубов и поддршка. Бев на работ и успеав да го избегнам најлошото нешто што може да му се случи на еден човек, но без страв, бидејќи љубовта ме спаси. Ќе биде долг пат до закрепнување, може да ја оставам оваа глупост некое време, но имам уште многу да му понудам на светот “, напиша Џонатан на „Инстаграм“.На интернет беше објавен и дел од видеото за проба, на кое се гледа моментот кога Џонатан паѓа и автомобили го удираат.