Мицкоски и Села кројат планови за ново парламентарно мнозинство


Претседеталот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Според соопштението што го испрати Алијансата, нивната средба бил во Собранието. Се наведува дека Села и Мицкоски ја потврдиле заемната поддршка во вториот круг за општините за кои имале договор за првиот круг.

„Ве известуваме дека коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работиме заедно за да создадеме ново парламентарно мнозинство во многу краток период“, стои во соопштението.

Во него уште се додава дека „и покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво“.