Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година


Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави премиерот Жан Катекс, појаснувајќи дека одлуката е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите. Претходно, француската влада планираше мораториумот да трае до април. Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација“ од 100 евра. „Веруваме дека […]

Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот


САД- Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Ново Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти. Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust“, ​​соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе. Од […]

Нов Зеланд: Прво вакцинирање на 90 отсто од населението, па ублажување на мерките


Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска нагласи дека земјата ќе стави крај на заклучувањето и строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот само кога 90 отсто од населението ќе биде целосно вакцинирано. -На крајот, најдовме рамнотежа помеѓу желбата да се отвориме повторно брзо, но луѓето се уште да бидат безбедни, рече Ардерн на прес-конференција. […]

Бајден: САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне


САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне, изјави американскиот претседател Џо Бајден. На прашањето дали САД имаат обврска да го бранат Тајван, Бајден рече дека САД ќе му помогнат на Тајван, кој се пожали на зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет. Бајден рече дека луѓето не треба […]

„Недела на шпански филм“ во битолскиот Центар за култура


НУ Центар за култура во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Северна Македонија од денеска до 28 октомври организираат „Недела на шпански филм“. Културната манифестација за филмофилите почнува вечер со свечено отворање во 20 часот во малата сала на Центарот за култура и проекција на документарниот филм „Омега“. -Станува збор за музички документарец […]

Концерт на пијанистките Костова и Базгалоска на фестивалот „Златна лира“


Дуото пијанистки Нина Костова и Ивона Базгалоска вечер од 20 часот ќе имаат концерт во Музејот на македонската борба во рамки на фестивалот „Златна лира“. На програмата се дела од романтичниот пијанистички репертоар, од композиторите Сергеј Рахмањинов, Едвард Григ и Петар Илич Чајковски. Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), организатор на фестивалот „Златна лира“, наведува […]

Царината со добро ниво на подготовка за следење на европските царински правила и процедури


Северна Македонија е добро подготвена во областа на работењето на Царинската унија. Царинското законодавство е високо усогласено со правото на ЕУ, а електронскиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи е целосно функционален, се наведува во најновиот Извештај на Европската Комисија за напредокот на државава во евроинтеграциите. Во поглед на Царинската унија, во […]

Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром


Првиот Инклузивен градски хор, при Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21“ денеска во Скопје ќе го одржи својот прв концерт. Концертот, како што најавуваат организаторите, има за цел да покаже дека уметноста и културата можат да бидат алатки за интеграција во општеството, социјализација  и подобрување на животот на лицата со Даунов синдроми како […]

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид во Скопје


Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Како што соопшти МНР, средбата со генералната секретарка, Шмид e во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. На средбата се очекува […]

Петти ден од изборната кампања во вториот круг, се засилуваат активностите на терен


Поминаа четири дена од кампањата за вториот круг на Локалните избори 2021, а кандидатите за градоначалници и лидерите на поголемите партии полека ги зголемуваат своите активности. Партиите од владејачката коалиција потврдија дека владиното мнозинство останува стабилно и сплотено и дека ќе ги поддржат нивните кандидатите за градоначалници во вториот круг, а истото го направија и […]

ЕК со забелешки за нискиот квалитет на транспортната инфраструктура и трговската логистика


Квалитетот на транспортната инфраструктура и трговската логистика, според Извештајот на Европската комисија за напредокот на државава, останува низок. – На трансевропскиот патен „Коридор 8“ му треба значителна надградба на ниво на автопат. Во јуни 2021 година, вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид беше пролонгиран. Изградбата на железничкиот „Коридор 8“ кон Бугарија се […]

Одбележување на месецот за борба против рак на дојка


Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“ со виртуелна национална прес-конференција на тема „Справувањето со предизвиците во борбата со ракот на дојка“ денеска во Скопје ќе го одбележи Светскиот месец за борба против ракот на дојка. На онлајн конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче, Драгана Могилевска – Груевска, […]

ЕУ без силен заеднички одговор за претстојната енергетска криза


Заклучоците од ЕУ Самитот, објавени ноќеска, во голем дел ја оставаат топката во рацете на земјите членки   Најжешката тема на ЕУ самитот – цените на енергијата и кризата која им претстои на граѓаните на ЕУ – заврши без силен одговор од страна на лидерите на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел. Драстичниот раст […]

Сончево со утринска магла по одделни котлини и речни долини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, […]

Шилегов најави дислоцирање на Железара и Цементарница надвор од Скопје 


Во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, градоначалникот на Скопје најави хуманизација на просторот во Скопје, бришење на „Јужната обиколница“ и дислоцирање на Железара, Цементарница, и другата тешка индустрија надвор од Скопје, со донесувањето на новиот ГУП во 2022 година: „Во Генералниот урбанистички план што ќе биде донесен во 2022 година, во […]

Забрчанец: Општините да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност и да бидат во чекор со централната власт


Националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата, Марјан Забрчанец денеска учествуваше на дебатата на тема „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, во организација на Фондацијата Метаморфозис како дел од промоцијата на една платформа на WhatsApp за брза комуникација меѓу новинарите и претставниците на институциите и на платформа на Viber […]

Кондовски ќе го тужи Николоски за навредите во кампањата


Одговарајќи на постојаните обвинувања на опозицијата дека Битола ќе ја направи “Стентонград”, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски во дебатната емисија Студио 10 на Телевизија 24 покажа фотографии на кои се гледаат Христијан Мицковски, Пеце Милевски и сопственикот на фирмата „Стентон градба“, Благој Крстевски. -Ќе ви покажам со докази, не со „дали“. […]

Мицкоски ќе ја внесе Македонија во ЕУ!?


Христијан Мицкоски веќе ги започна подготовките како да се ослободи од најголемата лага и најголемата штета што ѝ ја нанесе тој и неговата партија на Македонија. Од тврдокорни борци против промената на уставното име, на загрозениот национален идентитет и на македонскиот јазик, од цврсти ветувања дека штом дојдат на власт ќе ги поништат штетните договори […]

Болничар во САД уби четири лица, им вбризгувал воздух во вените


САД – Медицински техничар од Тексас е прогласен за виновен поради убиство на четворица пациенти на кои им вбризгувал воздух во вените по операција на срцето. Триесет и седум годишниот болничар, Вилијам Дејвис сега се соочува со смртна казна, пишува Би Би Си. Машки пациенти во болница во Тексас, на возраст меѓу 47 и 74 […]

Жрепката за групите на СП во Катар на 1 април


Швајцарија – Жрепката за групната фаза за Светското фудбалско првенство во Катар идната зима ќе се одржи на 1 април 2022 година, ден по конгресот на ФИФА закажан за 31 март во Доха. Мерило во кој шешир ќе се најдат учесниците на Мундијалот пред жрепката ќе биде рангирањето на репрезентациите на ФИФА листата. Во моментот на жрепката нема да бидат познати […]