Најмалку пет лица загинаа во пожар во Италија


Најмалку пет луѓе загинаа, а 800 се евакуирани поради пожарот што избувна во близина на италијанското летувалиште Пескара. Повеќе од 500 пожари се активни во јужниот дел на Италија. Додека северниот дел од Италија е зафатен од поплави предизвикани од обилните дождови. Најпогоден е регионот Комо. Неколку села се отсечени, а надојдената вода носеше автомобили. […]

Околу еден час чекање на ГП Богородица за излез од државата


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по […]

Хрватска: Нов умерен земјотрес со јачина од 3,7 степени во Банија


  Нов земјотрес синоќа ја погоди областа Банија, јавија хрватските медиуми. Земјотресот беше регистриран ноќеска во 01:27 часот. Сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на Петриња. Јачината на земјотресот беше 3,7 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на V степен на скалата ЕМС, објави Сеизмолошката служба.  

Како ќе се одбележи 2 Август, Илинден – Денот на Републиката


Со повеќе свечености во чест на 2 Август, Илинден и Денот на Републиката денеска ќе се одбележат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите […]

Илинден прогласен за ден на македонско-американското наследство во Вашингтон


Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, и годинава заедно со Македонците кои живеат и работат во САД, го одбележува празникот Илинден. Формално, празникот лани беше прогласен како Ден на македонско-американската традиција кој редовно се одбележува на 2 август. Во проглас испратен викендов до Македонците во САД по овој повод, а кој Обединета македонска дијаспора (ОМД) го […]

Симон Бајлс: Не завршив со спортот, но не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место


Американската гимнастичарка Симон Бајлс рече дека не ги напуштила тренинзите засекогаш и покрај тоа што се повлече од повеќето натпревари на Олимпијадата во Токио. – За оние што велат дека завршив. Не сум завршила. Едноставно, мојот ум и тело не се синхронизирани. Мислам дека не разбирате колку е опасно ова во време на жестока конкуренција. […]

САД го освоија Златниот куп (видео)


Фудбалерите на САД, рано утрово во Лас Вегас го победија Мексико со 1:0 по продолженија во финалето на Златниот куп на КОНКАКАФ. Основните 90 минути завршија без победни и без постигнат гол па се играа продолженија. Во 117. минута Мајлс Робинсон постигна победнички гол за Американците. Ова е седма титула во Купот КОНКАКАФ за САД. […]

Политичарите и годинава не се обединија околу одбележувањето на Илинден


Сто и осумнаесет години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. […]

Гори и на Родос, евакуирани жителите од неколку села


Пожар вчера изби и на грчкиот остров Родос, што и покрај сите напори на пожарникарите, огнот е вон контрола. Граѓаните на социјалните мрежи објавија дека поради пожарот немаат електрична енергија и вода, а во делови од Родос нема сигнал за мобилните мрежи. Поради пожарот се евакуирани жителите на неколку села од северозападниот дел на Островот. […]

Со праг или без за независните листи, донесувањето на измените на Изборниот законик во Собранието неизвесно


Сè поизвесен консензусот меѓу власта и опозицијата за намалување, односно укинување на изборниот праг за независните кандидати, а начелно е постигната согласност меѓу големите четири партии во која насока да се оди со измените на Изборниот законик, кои веќе се во собраниска процедура, а за нив би се расправало веднаш по одморите. Измените на Изборниот […]

Кога возрасните сточари веќе не можат, помладите најчесто ги продаваат стадата


Дваесет и една година без престан пасам овци, речиси не знам што е свадба сите овие години, на погреб на блиски луѓе не можев да отидам поради обврските околу стадото, а најболно од сè ми е што на крштевката на роденото внуче што го носи моето име не можев да присуствувам како што посакував, оти […]

Пожарите во Турција однесоа најмалку осум животи


Бројот на загинати луѓе во пожарите во Турција се искачи на осум, а повредени се стотина луѓе. Пожарникарите од 28 јули се борат со огнената стихија која и се заканува и на летувалиштата во егејскиот регион. Продолжува евакуацијата на туристите и локалните жители од Бодрум и од Мармарис. Повеќе од 120 пожари веќе се изгаснати, […]

Се зголемува бројот на заболени од Ковид-19, притисок во болниците засега нема


Повторно висок број на новодијагностицирани лица со Ковид-19 е регистриран во текот на вчерашниот ден. Најголем дел од новите 72 случаи се бележат во Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема. И покрај тоа што е сега прилично мирно, министерот за здравство Венко Филипче […]

Во Крушево отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


Со читањето на Манифестот, со подигнување на државното знаме, синоќа на Гумење во Крушево беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска република“.   Пред бројните посетители, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата Томе Христоски рече дека со манифестацијата го промовираме нашето историско и културно наследство. -Пред нас е уште еден Илинден, уште 10 дена слобода и живеење […]

Жешкото лето продолжува – денеска температурата до 43 степени, УВ индексот 9


Времето денеска сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ индексот ќе биде 9, информираат од УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од […]

Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер го погоди Скопје


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван вечерва во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 28 km северозападно […]

Вучиќ и Вулин ќе поднесат кривични пријави против самите себеси за случајот „Беливук“


За време на гостувањето во РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека тој и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, ќе поднесат пријава против самите себеси поради случајот „Беливук“ и дека се подготвени „дури и да одат за полиграф “. Во случајот со Беливук, немаше вмешаност на ФБИ, туку само на српски служби, […]

Атлетичарка од Белорусија одбива да го напушти Токио


Спринтерката Кристина Циманоска е заглавена на токискиот аеродром откако спортските функционери предвреме ја натераа да ги напушти Олимписките игри и да се врати во Белорусија   ТОКИО – Белоруска спринтерка одби да одлета од Токио во неделата, откако беше одведена на аеродромот против нејзината желба од нејзиниот тим по нејзините поплаки за националниот тренерски состав […]

Ќе му се суди на 100-годишен чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен


Поранешниот чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен во близина на Берлин кој сега има 100 години ќе биде суден на есен, 76 години по завршувањето на Втората светска војна, објави германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“. Окружниот суд во Нојрупин ги одобри обвиненијата за помош во убиство во 3.500 случаи, а судењето треба да започне во октомври. […]

Бугарска политика: „Слави, кажи нешто, да видат луѓето дека си жив“


„Слави, кажи нешто, нека видат дека си жив. Затоа што читам страшни глупости“. Со ова прашање Тошко Јорданов, вториот човек на партијата Има таков народ го започнува своето интервју со неговиот шеф Слави Трифонов за развојот на бугарската политичка сцена откако беше именуван првиот мандатар за состав на новата влада. Видеот беше поставено во неделата […]